Холандската дизајнерка Ирис Ван Херпен продолжува со иновации во модата и употреба на технологија во облеката и во новата колекција наречена Shift Soul прикажана на Париската недела на висока мода. За колекцијата за пролет 2019 таа се инспирира од раните примери на небесни картографии и од ѕвездениот атлас Harmonia Macrocosmica на Андреас Селариус издадена во 1600 година.
Инспирирана од небесните мапи, астрологијата и вселенските галаксии, дизајнерката повторно влезе футуристички свет со вонвременски креации дефинирани со 3Д печатен накит за лице и чевли со потпетици што сјаат во темница. Ван Херпен подготви нови возбудливи и вонтрендовски креации со треперлива скулптурална силуета.
Дизајнерката досега креираше во две или три бои и во металик нијанси, но овојпат се впушти во енигматско истражување на боите и внесе сина, пурпурна, портокалова, жолта црвена и други бои кои се градациски нанесени или се разлеваат меѓу себе. Но, како и секогаш фокусот е на формите и во случајов истражувањето на „ човековата форма, нејзината идеализација низ времето и хибридизацијата на женските облици во рамките на митологијата. Посебно имагинацијата и флуидноста во промената на идентитетот во јапонската митологија ми даде инспирација да го разјаснам подлабокото значење на идентитетот и колку е нематеријален и променлив тој може да стане во рамките на тековната коалесценција на нашите дигитални тела“, како што вели Херпен.
View this post on Instagram
En apesanteur…Iris Van Herpen Designer.technologie 3D #irisvanherpen #fashionweek #gorgeous #fashion #dress #3D #3dtechnology #butterfly #lightness #softness #parisfashionweek A post shared by Euredice Dunoyer (@diceure) on
View this post on InstagramA post shared by Iris van Herpen Official (@irisvanherpen) on
View this post on Instagram
View this post on InstagramA post shared by E.P. Cutler (@e.p.cutler) on
View this post on Instagram
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари