Силна, драматична и впечатлива со емотивна приказна на модната дизајнерка Ивана Кнез ја презентира новата есенска лимитирана колекција на Драма Студио насловена како „Сенка“. Материјалите на фустаните се брокат, свилена тафта, неопрен и чипка.
-Оваа лимитирана колекција го опишува мојот карактер како креатор во потполност. Сакам да ви ја раскажувам мојата лична дизајнерска приказна, затоа и се појавив како лице на колекцијата. Ова е моја интимна верзија на Драма, таа зад која имам личен потпис, наменета за жени со силен карактер, исклучителен визуелен печат, кои не се претопуваат во стереотипите на општеството – вели Ивана Кнез, модна дизајнерка и сопственичка на Драма Студио.
Приказната за колекцијата е под продукција на Дарко Митев, претставена со видео запис и фотографии. Визуелниот дел е застапуван од тимот на Драма Студио.
Нема коментари