Ѕвездите на уличната мода потврдија дека најпопуларните чизми оваа сезона се моделите во војничките стил со цврст изглед и дебел гумен ѓон, во верзии со врзување или со ластик. Овие модели на чизми ги има во дизајнерските колекции, но и во понудата на хајстрит брендовите. Еве еден предлог – модел на кожни чизми, со гумена платформа од 5 сантиметри, во бордокафена боја, високи над глужд и со ластик, од колекцијата на нашиот омилен бренд Mango. Ваквите чизми може да ги комбинирате со миди фустан или здолниште, со фармерки или со костим со предимензионирано сако и широки панталони (панталоните пикнати во чизмите).
Нема коментари