• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Изложба на Анкица Влашиќ Гроздоска во НЛБ Галерија

Од stylist @StylistMKD · На април 3, 2018

Ankica Vlasik

На 4-ти Април 2018 година со почеток во 20 часот во НЛБ Галеријата, на ул. „Мајка Тереза“ бр.1, Скопје, ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Анкица Влашиќ Гроздоска 

Најновото ликовно претставување на академскиот сликар Анкица Влашиќ Гроздоска, насловено како „ЗВУЦИ и ЕХА“го прикажува нејзиниот актуелен тематски интерес и развивање на авторовиот веќе препознатлив стил, во комбинирана техника на платно/печатарска хартија, со инкорпорирање на колажна техника. Воедно, оваа изложба ја дополнуваат и кроки цртежи, со мали димензии и тие придонесуваат кон доловувањето на внатрешниот импулс, кој води кон формирање на покомплексни композиции.

Самиот наслов сугерира на примарниот мотив на ликовното изразување, како што и самата уметница вели: „Додавајќи импулсивно препознатливи елементи и ликови направив една прошетка низ околината која ми донесе задоволство. Мојот ликовен израз секогаш го поврзувам  паралелно со околината  барајќи  ја  уметноста во самата себе“.

„Преку овој начин на техничка реализација на делата, и корелацијата на сликарските елементи и техники, пренесена е уметничката визија и мисла, која нам ни носи едно ново, освежено психолошко пријатно ерцепирање  на моменти од сегашноста и урбани исечоци од животот. Минливите мигови се  доловени преку овие ликовни записи и остануваат сочувани како глетки кои носат лична порака, но и лично доживување на самото постоење…“ – Елена Иванова, Кустос / историчар на уметност.

 

Анкица Влашиќ Гроздоска е родена 04.02.1981 година, во Скопје, Македонија. Во 2005 година дипломира на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Факултет за ликовни уметности, отсек – сликарство, група графички дизајн под менторство на проф. Танас Луловски и Благоја Маневски.

Како активен член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 2008 година, позади себе има неколку самостојни ликовни изложби: 2005 година, Скопје, Македонија – „Стилизација на природата“; 2010 година – Загреб, Хрватска; 2010 година, Кавадарци, Македонија – „Печат на времето“; 2015 година, Виена, галерија „Mericon art room“ – „СЕКВЕНЦА“; 2016 година НЛБ Галерија -  „СЕКВЕНЦА“. Воедно е активен учесник во групни проекти во Скопје, Белград, Загреб, како и учество на групна изложба во New York 2007 година.

Добитник е на наградата „Константин Мазев- Коце“ за ликовно творештво мал формат.

 

 

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ културен водич

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics