Изложбата на фотографката Барбара Спасевска, која ќе се одржи во сабота, 12 мај, со почеток во 20 часот во скопското кафуле Концепт 37, претставува фотопроект насловен како „Таа“. Самиот проект содржи 42 фотографии кои претрпуваат поединечно надополнување со поезија, и рефлектираат засебна концептуална димензија. Во своето шестгодишно фотографско искуство, позади себе остава една самостојна изложба во 2015 година, а во периодот кој следи започнува студија и реализација на нов проект, кој овојпат ќе биде изложен во Концепт37. Станува збор за метафоричен сплет од визуелна елементација во самите фотографии, со цел да се пристапи што поблиску до еден поширок хоризонт на размислување кај гледачот. Концептот „Таа“ ќе интерпретира едно проучување на психофизичката експресија или состојба на моделот пред објективот, и истиот е зачинет со фузија од природата на женската надворешност со нејзината внатрешна драматичност.
Нема коментари