Младата фотографка Лилика Стрезоска во петок, 27 март, ќе ја одржи својата прва самостојна изложба насловена „5 минути“. Во просторот на концептуалното кафуле „Концепт 37“ таа ќе изложи дваесет фотографски дела со кои ќе не прошета низ сензуалноста на актовите, кои повеќе интегрираат, отколку што откриваат. Изложбата што ќе почне во 20:30 часот ќе ја отвори Ирена Мила, а посетителите ќе уживаат диџеј-сетот на Зоки Бејбе.
Нема коментари