• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
уметност 0

„Неизложено: моите споредни приказни“- изложба на Гордана Вренцоска

Од stylist @StylistMKD · На октомври 4, 2016

gordana-vrencoska

Современата уметница и дизајнерка Гордана Вренцоска утре (5. октомври) со почеток во 20 часот во ќе ја отвори својата изложба со наслов „Неизложено: моите споредни приказни“ во Чифте амам. Во eрата на сеопшта изложеност и откривање на приватноста, широкиот свет на уметникот e сепак најмногу видлив низ потесната призма на неговите јавно изложени дела. Но, како е да се изложат „споредните приказни“ од возбудливиот и непрекинат уметнички процес?

Неизложено: моите споредни приказни е составена од повеќе тематски целини чиј меѓусебен однос сочинува сложена инсталација, и нивна поединечна анализа би била само општа дескрипција на изложеното. Затоа анализата на овој проект треба да се перцепира како претопување и присоединување на микро наративите кои создаваат нова естетско концептуална целина – макро наратив со заеднички именител означен од авторот – Неизложено: моите споредни приказни. Така се создава нова уметничка ситуација во која се рефлектираат одредени конкретни состојби на основите на личните и интимните приказни кои се колку лични, толку и воопштени и развиваат нови односи, перспективи и погледи на светот. Вренцоска во случајот е истражувач, колекционер, куратор и раскажувач, а сите овие насловувања сублимирани во едно, ја ставаат во категоријата УМЕТНИК.

Вренцоска за овој проект користи разновидни реди-мејд предмети, уметнички дела, артикли и материјали за масовна, но и лична употреба кои без разлика на првобитната функција со чинот на означување на уметнички предмет, добиваат нова функција – монтажни делови на едно уметничко дело. Овие колажирани или асемблажни, просторно инсталациски поставени реди-мејд предмети го редефинираат значењето на готовиот предмет во семантичкото подрачје на уметноста со што доаѓа до нивно предефинирање во “готови предмети со минато”. Во тој случај нивното минато – утилитарната функција го преобразува сопственото значење во уметничка – естетска функција. Вренцоска овие “готовите предмети со минато” ги претвора во колажи, слики, објекти, инсталации, каде на метафорички начин е поништена разликата помеѓу животот и уметноста. Во тој процес на преозначување и креативно моделирање, предметот е извлечен од контекстот и ја губи својата првична функција и преминува во доменот на апстрактното обликување т.е. во уметнички објект со метафизичко значење.

Проектот го носи духот на рецентните уметнички трендови што се во насока на преиспитување на нашата лична и колективна меморија, на значењето на архивите и на потребата за дефинирање и редефинирање на идентитетот на уметникот во новото време на 21 век.

Изложбата ќе ја отвори доц. д-р Дита Старова Ќерими, директорка на Националната галерија на Македонија.

Гордана Вренцоска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1997 година. Магистрирала на студиите по дизајн на Central Saint Martins’ School of Art and Design London во 2005 година, како Чивнинг стипендист. Во 2016 година ја одбранила својата докторска дисертација на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје. Зад себе има 12 самостојни изложби и голем број групни изложби во Македонија, Германија, Полска, В. Британија, Италија, Белгија, Кина, САД, Хрватска и други земји. Добитник е на повеќе грантови, награди и признанија, меѓу кои и престижниот грант за уметници на фондацијата Pollock-Krasner од Њујорк за 2014/15 година. Од 2006 година работи како професор на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – РМ во Скопје.

Гордана ВренцоскаизложбаЧифте амам„Неизложено: моите споредни приказни“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • msu уметност

    МСУ блесна во сина боја како дел од „Светскиот ден на детето”

  • zabala photo Xavier Cervera уметност

    Светски познати теоретичари и експерти на уметноста ќе одржат онлајн предавања во МСУ

  • 1 уметност

    АКТО 2020: Мурал на Јана Јакимовска на фасадата на салата „Партизан“ во Кавадарци

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    МОДЕН ТРЕНД: Штепуваните јакни најстилски сезонава

    јануари 15, 2021
  • 1

    Инстаграм профил кој го лови стилот на парижаните

    јануари 14, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • gucci

    Дизајнерски чанти што ќе бидат хит за 2021

    јануари 13, 2021
  • 1

    Мода во портокалова боја за енергичен старт на годината

    јануари 13, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021
  • pariche-702x336

    Паричето.мк – платформа за виртуелно вртење пита со паричка

    јануари 5, 2021

Култура

  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020
  • lila moss

    Лајла Мос на насловна на Vogue Italia

    декември 8, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics