• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
уметност 0

Изложбата „Скршнувања” на Ване Костуранов вечерва во МКЦ

Од stylist @StylistMKD · На ноември 4, 2016

vane

Изложбата насловена „Скршнувања” на познатиот современ македонски уметник Ване Костуранов ќе биде отворена вечерва во 20 часот, во галеријата на Младонскиот културен центар- Скопје. Циклусот „Скршнувања“ е насочен кон истражување на непознатите места, предели, светови, до кои се стигнува единствено доколку се заталка надвор од познатото, надвор од просторот заробен од одредници; што, пак, е првиот чекор во авантурата на секое патешествие: физичко, ментално, уметничко, лично.

kosturanov-1

-Како и во претходните фази од уметничкото творештво на Ване Костуранов, инспирацијата за циклусот „Скршнувања“ може да се побара во неговата надсвесна потреба да се разберат, објаснат и претстават животните односи во сопственото окружје; во обидите да се пронајде смисол и ред најпрво во својот, а подоцна и во заедничкиот свет. Скршнувањето од траекторијата на извесната и мирна животна димнамика во правец кон непознатото ја тангира хармонијата на неговиот дом и семејство, кои го означуваат неговиот идеал. Тоа, од една страна, го изместува средиштето на неговиот свет внесувајќи му животен немир, од друга страна, истовремено ослободува огромно количество креативна енергија што тој ја користи да се (пре)открива и себеси и односот кон љубените кои го следат на тешкиот творечки пат.Патиштата по кои минува(л), Ване ги претставува на својот вообичаен начин, секогаш искрен и топло наивен и со препознатлива доза на „детска невиност и моќ“ во уметничкиот израз, одраз на неговата карактеристична елементарна перцепција која ја сведува, но не ја упростува стварноста. На тематски план, негувајќи континуитет со претходните творечки циклуси, куќите, куќите-градови и куќите-градови-семејства продолжуваат да бидат средишен мотив на неговиот сликопис. Експериментирајќи со мноштво начини на претставување на еруптивните градски агломерации и неговите доживувања во нив, исклучително се впечатливи претставите кои наликуваат како да се погледнати низ каледиоскоп. Во нив, окото на уметникот го користиме како оптичка направа која ни посредува при откривањето на структурата на мноштво (не)познати градови, претставени како множества од различни архитектонски слики што брзо се создаваат, појавуваат и (по)минуваат. Во преносна смисла, уметничкиот каледиоскоп на Ване Костуранов може да го користиме за да погледнеме и во сопствените крстопати, каде секое мало завртување на механизмот на судбината се одразува со наше скршнување кон непознатото, упатувајќи нé на искушенијата, но истовремено и убавината на патувањето без патокази- се вели во освртот на архитектот Јован Ивановски.
Сликарот Костуранов е роден 1979 година во Струмица. Учествувал на повеќе групни изложби, а одржал и 11 самостојни. Уште како дете повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики, отколку со зборови.

Ване КостурановизложбаМКЦ„Скршнувања”
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ПОЗИВ уметност

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

  • msu уметност

    „МСУ – Скопје ремек дела за сите“, единствен македонски проект избран од „Фондот за културно наследство Хедли за Југоисточна Европа“

  • Prague-1 уметност

    По Кунстхале Виена, изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје” се отвора во Прага

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics