• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
уметност 0

Изложбата Always Ready на Неда Фирфова во МКЦ

Од stylist @StylistMKD · На април 23, 2014

Младата уметничката Неда Фирфова утре (24 април) во 20 часот ќе ја отвори својата изложба  насловена Always Ready во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Изложбата која е курирана од Ивана Васева е на некој начин продолжување на истражувањето на Фирфова во Тирана, Албанија кое се однесува на масовните игри или попознати кај нас како слетови. Фирфова го истражува исчезнувањето на илјадници картонски книги од Кина кои се користеле за да се формира идеолошката слика на масовните игри во Албанија, кои се одржувале на први мај за време на комунистичкиот режим на Енвер Хоџа.  На изложбата ќе бидат претставени книги кои ги изработи авторката Фирфова, според сведоштва на луѓе кои се присетувале на слетовите во Албанија, две нови дела како и каталогот за настанот.


Во каталогот, специјално дизајниран и продуциран за оваа изложба Фирфова пишува:
„Во 2012 год., со грант од Институтот за современа уметност во Тирана, го истражував исчезнувањето на книгите кои биле користени за масовните игри одржувани на 1-ви мај во Албанија и за спортските настани наречени Спартакијада кои се одржувале за време на комунистичкиот режим на Енвер Хоџа. И двата настана вклучувале елементи од масовните игри кои имале за цел да го стимулираат духот, енергијата и состојбата на умот на оние кои се натпреварувале, но исто така, се разбира, и да ги засилат националните идеали, педантно комбинирајќи два вида тела: политичко и атлетско. Огромни собири на ученици, наредени во шаблон, ги држеле овие големи книги над нивните глави притоа формирајќи извонредна пропагандна слика. Книгите биле увезени од Кина, во време кога овие две држави имале блиски политички и економски односи. Чудно, а можеби и соодветно – имајќи ја во предвид присилната културна амнезија која се случила по смртта на Хоџа – нема ниту една копија од оргиналните книги во националната библиотека, архивите, ниту во било која од институциите поврзани со спорт во Албанија. Останува непознато како тие биле уништени, иако ние лесно можеме да се сложиме дека хартијата заедно со печатените материјали исчезнуваат први во време на присилно заборавање.
Според приказните на учениците во масовните игри во Албанија, книгите биле толку големи што можеле да покријат дете кое седи, имале минимум десет различни палети на бои и биле често претешки за да ги држи еден ученик, па така некогаш биле потребни двајца за да држат една книга… според моето лично искуство, книгата беше прво нематеријална и замислена и беше потребно повторно да се создаде физички, како артефакт, документ, но и како апстрактен елемент кој никогаш нема да биде прецизен артефакт и документ, туку протолкувано знаење…)“.

Неда Фирфова (1981) е уметничка, дизајнерка и истражувачка. Нејзината пракса го истражува печатениот медиум како симбол на воспоставена вистинитост во време на дигиталната ера, и модернистичките мрежи како пронајдок кој служи како оснвна алатка во демократската дистрибуција на печатената информција. Артикулирајќи или размислувајќи во печатениот медиум, нејзината практика предлага по-отворени пристапи кон дистрибуцијата на информациите. Таа често иницира обратни уреднички процеси со тоа што кани интервенции од соработниците и публиката а потоа ги интегрира.
Овие експерименти придонесуваат кон реобликувањето и преиспитувањето на начините на кои графичките дизајнери остваруваат авторитет. Неда Фирфова додипломските студии ги завршила на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, Македонија а магистерските студии ги комплетирала на одделот за графички дизајн на
Tama Art University во Токио, Јапонија во 2009 год. Таа била истражувач од областа на дизајнот во институтот Jan van Eyck Academie во Мастрихт, Холандија, (2009-11), а докторските студии ги комплетирала на Tama Art University во Токио, Јапонија (2012). Неда Фирфова моментално живее и работи на релација Скопје, Берлин, Токио.
Од 2012 год., таа ја ко-раководи дизајнерската платформа и студио Модести.

Always ReadyАлбанијаизложбаКинаМКЦНеда ФирфоваТирана
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • msu уметност

    МСУ блесна во сина боја како дел од „Светскиот ден на детето”

  • zabala photo Xavier Cervera уметност

    Светски познати теоретичари и експерти на уметноста ќе одржат онлајн предавања во МСУ

  • 1 уметност

    АКТО 2020: Мурал на Јана Јакимовска на фасадата на салата „Партизан“ во Кавадарци

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Плетиво на Zara што ќе ве згрее овие студени денови

    јануари 26, 2021
  • dior

    ВИСОКА МОДА: Колекција на Диор инспирирана од тарот карти и езотерија

    јануари 26, 2021
  • nikotin (1)

    Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

    јануари 25, 2021
  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

    јануари 25, 2021
  • katarina ivanovska (1)

    Катарина Ивановска на насловна на српски Elle

    јануари 25, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • nikotin (1)

    Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

    јануари 25, 2021
  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics