• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
уметност 0

Изложбите од Скопје постер фестивалот тргнуваат на пат низ светот

Од stylist @StylistMKD · На декември 5, 2016

spf-1

Денеска завршува 9. Скопје постер фестивал, кој во изминативе 15 дена, се одржа во Музеј на град Скопје. Во рамки на фестивалот, покрај изложените дизајнерски дела во рамки на 4-те изложби, се одржаа и презентации и работилници на светски реномираните предавачи на теми „Македонија како туристичка дестинација“, „Дизајнирај влијателен социјален плакат“, „Плакат, уметност од улицата“, „Дизајнирање постер за џез настан“, наменети за студенти и професионалци дизајнери.

На фестивалот, насловен како „Криза на идентитет“, во рамки на главната изложба на плакати од меѓународниот конкурс за плакат, беа изложени дела на студенти од сите континенти, оценувани од страна на 5-члена жири комисија составена од меѓународни судии – Мишел Буве (Франција), Фонс Хикман (Германија), Фин Нигард (Данска), Ришард Каја (Полска) и Тони Васиќ (Македонија).

spf-3

Оваа година, двете главни награди ги добија Мигуел Ангел Рангел од Мексико и Река Немеди Варга од Унгарија. Двете специјални награди од жири комисијата беа доделени на Шујун Лиу, од Кина и Дикле Јилдирим од Турција. Додека, почесните признанија ги добија Јуниј / Зежун Шан / Уанг од САД, Кајли Димик од САД, Лазар Митровиќ од Србија, Инес Филипа да Коста Пимента Кардосо од Португалија, Никола Марфи од Обединетото Кралство и Карол Шчепанкиевич од Полска.

По затворањето на фестивалот, изложбата на 50-те финалисти ќе биде прикажана на Универзитетот Прат МВА (Pratt MWA) во Њујорк, САД, потоа во Литванија, Грција и Португалија.

spf-4

„Секоја година битно ни е плакатите на младите дизајн надежи да ги испромовираме на повеќе локации. Минатата година изложби имавме во Бугарија, Србија и во Русија. Оваа година, планираме уште многу изложувања, покрај првично договорените во Њујорк, Порто, Солун и Вилнус“, вели Гере Постеров, претседател на невладината организација „ПлакАрт“.

Според него, покрај соработката со дизајнерската заедница во Македонија, иницирана е и соработка со релевантни факултети, што ќе овозможи студентите да добијат дополнителна практична настава преку фестивалските настаните. Дизајнерите од Македонија имаа шанса да се дружат со победникот од минатогодишниот Скопје постер конкурс, Каја Депта Клешта од Полска, која одржи и презентација во која истакна како овој интернационален конкурс ја охрабрил во постигнување на повисоки цели.

spf-2

„Скопје постер фестивалот е најдобриот фестивал и конкурс за дизајн за млади дизајнери во светот. Гостите се светски познати дизајнери, жирито секогаш составено од најдобрите во графичкиот дизајн, а ПлакАрт е единствен во успешно промовирање на нашите дела и нас учесниците“ – изјави Каја.

„Овој фестивал ги собира најквалитетните имиња од графичкиот дизајн. Скопје и Македонија може да се гордее со овој настан кој се случува секоја година. Навистина е чест да се биде дел од Скопје постер фестивалот“, објасни членот на меѓународното жири Ришард Каја.

Наредната година, организаторот најавува достојно, спектакуларно одбележување на јубилејот 10 години на Скопје постер фестивалот. На овој начин, вели организаторот, „ова одлично дизајнерско дружење ќе го размрда креативниот потенцијал и инспиративноста кај дизајн заедницата“.

spf-5

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ПОЗИВ уметност

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

  • msu уметност

    „МСУ – Скопје ремек дела за сите“, единствен македонски проект избран од „Фондот за културно наследство Хедли за Југоисточна Европа“

  • Prague-1 уметност

    По Кунстхале Виена, изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје” се отвора во Прага

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 8martovski bazar

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

    март 3, 2026
  • sienna

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

    март 3, 2026
  • ??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

    Македонија домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“

    март 3, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics