Модата во добата на коронавирусот подразбира нови чекори и одлуки, во состојба кога е скоро и невозможно да се организира модна фотосесија, креирањето на кампањи повлекува невообичаени решенија. Перидов забележавме бројни едиторијали и промотивни кампањи снимени во домашни успови и на дистанца, нов пример е и фотосесијата на дизајнерот Симон Порт Жакемус за својот бренд Jacquemus.
Откако минатиот месец манекенката Бела Хадид се сликаше за Jacquemus преку FaceTime, Симон сега ја ангажира својата баба Лилин, омилената негова муза, и сам ја фотографираше за новата кампања. Лилин на фотографиите ги носи моделите од колекцијата пролет-лето 2020. И изгледа прекрасно додека позира во бел костим, долг фустан и препознатливите креации на Симон во боја на циклама. Симон вели дека оваа модна приказна му е посебно драга, а заедно со Лилин покажаа дека не им недостасува инспирација и креативност дури и во време на изолација.
View this post on Instagram
#JACQUEMUSATHOME WITH MY GRAND MOTHER LILINE SHOT BY ME SUMMER 2020 (ONE OF THE MOST SPECIAL STORY FOR ME ) A post shared by JACQUEMUS (@jacquemus) on
Нема коментари