• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ЈАНА АЦЕВСКА И МИМА ПЕЈОСКА: Запознавање со новиот креативен пристап на дизајн размислување

Од Катерина Трајановска · На мај 27, 2016

јана ацеска мима пејоска

Дизајнерките на накит Јана Ацевска и Мима Пејоска во рамките на својот проект „Дизајн предизвик“, организираат дводневна бесплатна работилница за Дизајн размислување/ Design thinking, нов пристап што го освојува светот, а која што ќе ја води Сузан Бергер, стручен предавач од школата HASSO PLATNER D-SCHOOL од Берлин. Јавниот повик за пријавување на работилницата трае до 1 јуни, а интригирани од овој нов термин, зборувавме со Јана и Мима кои ни објаснија повеќе детали поврзани со работилницата на која ги повикуваат сите кои се спремни на нови креативни предизвици и се заинтересирани за запознавање со основите на Design Thinking.

-Работилницата за Дизајн размислување (Design Thinking) е дел од проектот Дизајн Предизвик (Design Challenge), кој го започнавме со Мима минатата година. Во својата наједноставна форма, Design Thinking е процес применлив во сите сфери на животот – создавање нови и оригинални идеи и решавање проблеми. Токму затоа оваа работилница е отворена за секого кој е спремен да излезе од стандардните начини на размислување и заинтересиран за запознавање со основите на DESIGN THINKING методологијата, изучување на конкретни DESIGN THINKING методи, техники и вежби и искусување на целиот DESIGN THINKING процес. Работилницата ќе трае два дена, 11 и 12 јуни и ќе биде на англиски јазик – ни кажа Јана.

Што значи Design Thinking?

-Мима: Design Thinking е пристап кој што го освојува светот во последниве неколку години. Се работи за методологија на иновација, базирана на специфични чекори со помош на кои се достигнува посакувана цел… без разлика дали се работи за нов производ, промени во социјално делување, корисничко искуство или било што друго. Терминот можеби наведува дека се работи за дизајн во смисла на естетика, но сепак се однесува на многу поширок начин на истражување и креирање на начин на кој нештата подобро функционираат. Често пати се среќава и под терминот user-centric design и е употребуван како главна алатка за функционирање од страна на големи брендови како IDEO, Lego, Apple, IBM…

designthinkingprov

Кој сè може да се пријави на отворениот повик за работилницата? До кога е трајниот датум за пријавување?

-Јана: Работилницата е бесплатна и отворена за сите. Без разлика на образование, професија и возраст. Овој тип на креирање  често и бара разноврсни учесници за подобри резултати. Секој од нас придонесува со своето уникатно искуство нешто ново и различно од другиот. Додека јас студирав Design Thinking во Германија, често работев во групи на студенти со кои навидум немав ништо заедничко. Пример, јас како дизајнер на накит заедно со филозоф, студент по политички студии, програмер и биолог работевме на проект за подобрување на искуството на пензионирани сениори во Германија за да продолжат да имаат здрав сексуален живот. Крајниот рок за пријавување е 1ви јуни.

Работилницата ќе ја води Сузан Бергер од Германија…

-Мима: Сузан ми е стара колешка од школата Hasso Platner D-School, која има богато искуство во многу полиња. По вокација е филозоф, но работно искуство и интересите се шират многу повеќе од тоа, се до иновација на стратегии за start-up компании, создавање музика, литература итн… сето тоа инкорпорирано со design thinking методологијата која ја употребува за поврзување на се ова во еден креативен ум. Многу позитивна и инспиративна, и одличен избор за ваков тип на умствено размрдување. Имавме голема среќа што успеавме да ја добиеме токму неа како предавач на овој workshop.

Sussane Berger

Сузан Бергер

Заедно под името Design Тatamata  го инициравте  Дизајнерскиот предизвик, еден цел проект кој наиде на позитивни критики и чија завршница ја видовме на изложба кон крајот на годинава, дали и годинава ќе го повторите овој предизвик?

-Јана: Проектот Дизајн предизвик наиде на одлични критики и секако не поттикна да продолжиме да ја развиваме идејата. Годинава планиравме уште барем два циклуси, но за жал заради лимитирани средства засега остануваме на уште еден предизвик.

Јана, неодамна во просторот на Think ја претстави новата колекција РЕфлексии, резултат на долго истражување на релацијата на традиционаното и современото…

-Јана: РЕфлексии е мојата последна колекција накит која произлезе како дел од проектот ‘Реформ/а’ кој го работам со Локомотива. Идејата на овој проект е да се интегрираат идеите на дизајнерите и вештините на занаетчиите, со цел изработка и пласирање на нови, современи производи. Фасцинацијата од текстури, бои и материјали користени во традиционалната македонска носија беше инспирација за развој на РЕфлексии. Користев материјали и техники кои се користеле во минатото но сето тоа ставено во нов, современ контекст. Колекцијата ја промовирав во Швајцарија, во рамки на настанот ‘Decounstructing Traditions’ а неодамна ја претставив и на македонската јавност.

design challenge_ 01

Мима, ако не се лажам ти веќе ја имаш обработувано методологијата design thinking? Кои се твоите исксутва?

-Мима: Design Thinking школата ја открив сосема случајно додека живеев во Берлин. На почеток искрено ми беше малку нејасно за што точно се работи, но звучеше доволно интригантно за да појдам да се пријавам. Без размислување тоа школо ме научи повеќе него се што сум можела да замислам, и сè што сум достигнала до сега во смисла на напредување во секое поле од мојот живот, се должи на  тоа како design thinking ми го отвори умот. Луѓето со кои работев беа исто прекрасни. Сите млади, од различни страни на светот, секој со различно образование и искуство… вплетени во измешани тимови истражувајќи различни теми. Проектите на кои се работи се секогаш различни. Почнавме од мали иновации како –Како да го создадеме совршениот паричник?;  Па сè до -Како може да помогнеме на велосипедистите во Берлин да имаат побезбедно искуство на патиштата?; Како можеме да го смениме начинот на донација во Германија?

Паралелно со овој проект, сèуште го водам проектот за трите парчиња накит кои патуваат низ светот / The Stories of the three Wanderers (www.thewanderers.mk), и работам на неколку нови колекции накит. Во меѓувреме… си се радувам со внуците кои ми се на прва посета тука од Финска.

Кои се вашите планови за следниот период, поединечно како две дизајнерки со свој израз, но и како тандем во Design Tatamata?

-Јана: Продолжуваме со разработка на проектот Design Challenge, во рамки на кој следи уште една работилница за Design Thinking до крајот на годинава. А во меѓувреме, кој знае, уште некоја колекција накит, патувања и планови за нови креативни предизвици.

design challenge

 

Design ThinkingЈана Ацевскадизајн на накитДизајн предизвикДизајн размислувањемакедонски дизајнериМима Пејоскамодна работилницанакитСузан Бергер
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ana

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

    мај 12, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics