• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

Јас и Ти – Прв македонски стартап за електронско организирање на свадба и електронски свадбени покани

Од stylist @StylistMKD · На јуни 27, 2018

JasTi_Logo

На 30 мај 2018 година е објавена првата официјална верзија на jasiti.mk- персонализирани свадбени веб-страници. Овој македонски стартап, за прв пат кај нас, ги трансформираше и свадбените организации во “smart” ИТ решение кое ќе им помогне на младенците брзо и едноставно сами да ја организираат нивната свадба.

Свадбите се еден убав свечен чин за многумина, но нивната организација секогаш носи неочекувани моменти за младенците. Па оттука е и идејата за создавање на едно паметно технолошко решение кое им помага на младите брзо и едноставно да ја организираат својата свадба.

-Кога дојде ред да ја организираме нашата свадба сфативме дека има многу ситници кои само ни правеа притисок. Искрено тоа е еден преубав момент кој не треба да си дозволите да ви биде проследен со напнати ситуации. Тогаш мојот сопруг кој е софтверски инженер, дојде до идејата да направиме едно иновативно ИТ решение кое не само нас, туку и на сите идни брачни парови ќе им помогне едноставно да се соочат со потешкотиите во организацијата – изјави Пандорка Чушкова Мишкова, основач на Јас и Ти.

Јас и Ти персонализираните свадбени веб-страници им помагаат на младите за полесна и побрза организација, притоа давајќи им слобода да бидат креативни и уникатни и на свој начин да ја раскажат својата приказна на сите. Jasiti.mk е автоматско решение кое за неколку минути креира персонализирана веб-страница. Системот вклучува електронски покани кои младите можат да ги испратат до сите гости со неколку клика. На тој начин тие добиваат детален преглед на листата на гости кои го потврдилие/откажале своето присуство, информации за нивни музички желби, преференции/алергии за храна и сл.  Со ова не само што младите заштедуваат и се грижат за природата без печатење на покани, туку и го избегнуваат делот со дистрибуција на поканите од врата на врата. А пак, го задржуваат персоналниот момент на испраќање на поканата до лична маил адреса на своите гости. Интересно е тоа што ова решение не ги ограничува идните брачни парови на избор на дизајн, туку има дава слобода да си играат со изборот на дизајн. Исто така, голема предност, особено за гостите кои се од други места, е тоа што добиваат точни локации со време и мапа од локација, за полесно да можат да се снајдат и да бидат на вистинското место во вистинско време.

И кога целата возбуда ќе стивне и кога тој голем ден за нив ќе заврши, преку Јас и Ти сопружниците добиваат и галерија од 10GB каде можат да ги стават сите свои слики и да ги споделат со гостите, без притоа да се “замараат” со “јас не добив слика, те молам извади ми… кога ќе ги гледаме сликите… прати ми ја сликата да си ја ставам на Facebook/Instagram…”.

-Ова е првата верзија на Јас и Ти. Секако развојот нема да запре тука. Нашиот тим веќе работи на нови дизајни и функционалности кои дополнително ќе им олеснат на младите за организација на нивната свадба – изјави Диме Мишков, креаторот на идејното решение jasiti.mk.

Кога ќе се одлучите да го кажете судбоносното “ДА” и да си ветите љубов и разбирање, ќе имате цел живот пред вас за носење големи одлуки. А сега дозволете си да бидете креативни и неодлучни при изборот на дизајн и уживајте во предностите кои ви ги овозможува jasiti.mk.

Jas-i-Ti-Tema-Tango

 

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 животен стил со...

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

  • Women in tech & Metergram (1) животен стил со...

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

  • Gush i bac животен стил со...

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ana

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

    мај 12, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics