• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
дизајн-декор 0

Јавна соба го носи македонскиот дизајн на регионалните фестивали во 2017

Од stylist @StylistMKD · На јануари 9, 2017

javna soba

Јавна соба распишува повик за сите македонски дизајнери, дизајн студија и производни компании кои сакаат да ги претстават своите најнови производи пред пошироката регионална публика на дизајн фестивалите во регионот и воедно да стапат во контакт со претставници на концептуални продавници и дистрибутери од соседните држави. Учеството е бесплатно и има за цел да го стимулира развојот на дизајн сцената во Македонија, во поглед на продуктивност, само-одржливост и иновативност.

Пријавата за учество може да се најде на следниот линк: www.publicroom.org/projects/patuvacka-izlozba.html

„Време е да се охрабриме, умешно да го спакуваме и да го претставиме надвор од нашите граници сето она што неколку години внимателно го создаваме. Заеднички да ја промовираме македонската дизајн сцената и нашата земја. Како неформални претставници на дизајн секторот во земјава имаме обврска да ги мобилизираме сите активни продукт, модни и графички дизајнери, да ги мотивираме да размислуваат извозно. Фестивалите се одлична можност за иницирање на соработка со концептуални продавници од Белград, Загреб, Сараево, Тирана, Пловдив и Софија, а изложувањето во комерцијалните зони е секако од голема корист за било кој дизајнер, дизајн студио или производна компанија од Македонија. Во концептуалната продавница во Јавна соба од пред 6 месеци се продаваат парчиња мебел, накит и облека од млади дизајн брендови од целиот регион, време е и ние да покажеме што може да произведеме и извеземе! Патот е отворен, на нас останува реализацијата.Селектираните производи ќе патуваат во период мај – ноември, 2017 во организирана форма, како “Изложба на македонски дизајн – 2017“, вели директорката на проектот, Тамара Георгиевска.

Учество во изложбата на македонски дизајн може да земат сите модни, графички и продукт дизајнери, дизајн студија и компании од Македонија кои имаат изработено производ или се во финална фаза на изработка на нов производ/прототип. Се охрабруваат сите дизајнери, архитекти, инженери кои сакаат да ги афирмираат производите и остварат вмрежување со продавачи и дистрибутери од земјите од регионот да се пријават на овој повик.

На регионалните фестивали се очекува да се настапи со избор на 15 до 20 иновативни продукти, кои ќе имаат можност да ги видат неколку стотици илјади луѓе на Балканот. Проектот за промоција и извоз на македонски дизајн е во организација на Центарот за дизајн и иновации Јавна Соба.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ??? дизајн-декор

    Саем на мебел 2025: „Инспирација за секој дом“ од 26 до 30 март во Скопје

  • Otvoren povik_Expo zone_Skopje Design Week дизајн-декор

    Орворен повик за учество во Експо зоната на Skopje Design Week

  • ???????????????? дизајн-декор

    Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март под мотото „Освежи го својот дом“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics