• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ЈОВАНА ЗУКА: Маичките „Jeansomania“ се безвременска комбинација со џинс

Од Ана Несторовска · На март 31, 2015

jovana

Минималистички, со едноставен крој и написи се маичките по кратки ракави што познатата македонска блогерка Јована Зука ги дизајнира во рамки на проектот „Jeansomania“ на „Фешн Груп Македонија“. Капсулната колекција ќе биде промовирана со инсталација на 5 април (недела)  во рамки на пролетното издание на Моден викенд-Скопје, во катната гаража „Солунски конгрес“ .  Деновиве Јована, која е авторка на модниот блог aftertwofive.com, во соработка со „Фешн Груп“,  официјалните фотографи на Моден викенд - Ани и Дими и манекенката од модната агенција „Подиум“, Ангела Ѓорѓиева,  снимија едиторијал со маичките. Во очекување на фотографиите споделуваме неколку кадри од снимањето, објавени на „Инстаграм“ профилот на Јована Зука.
-Соработката на проектот „Jeansomania“ беше иницирана од Јасмина Апостолоска, маркетинг менаџер во „Фешн Груп Македонија“. Со најголемо задоволство ја прифатив понудата да соработувам на овој проект кој опфаќа не само дизајн на колекција маички, туку и продукција на два едиторијали и изложба во склоп на претстојниот Моден викенд. Првиот едиторијал за претставување на колекцијата маички го завршивме викендов. Фотографиите ги изработија Ани и Дими, ни позираше Ангела Ѓорѓиева од модната агенција „Подиум“, за шминката и фризурата беше задолжен Игор Марков, а за стајлингот јас. Вториот едиторијал ќе го фотографира Жарко Чулиќ и истиот ќе биде објавен во априлското издание на Unique Magazine. Уживам во секој чекор од проектот и чест ми е што сум дел од истиот… Станува збор за мини колекцијата од  шест бели маички со суптилна, но впечатлива црна типографија. Создадовме визуелно усогласени, но карактерно различни парчиња со натписи и игри на зборови кои на единствен начин ја одбележуваат темата „Jeansomania“. Сите натписи ги изработив јас, а визуелната реализацијата е на Бојан Тасевски, графички дизајнер во „Фешн Груп Македонија“-вели Јована Зука.

Jeansomania (2)

Ангела Ѓорѓиева од модната агенција „Подиум“ позираше во маичките со потпис на Зука

>>Од што црпеше инспирација за маиците, дали носат некоја посебна порака?
-Инспирацијата за маичките дојде од самото име на проектот – „манија“ за фармерки и облека изработена од џинс. Сакав да создадеме забавни парчиња кои ќе шират убава, позитивна енергија и насмевки насекаде, а кои истовремено ќе бидат весело-очигледен избор за комбинација со култната ткаенина-џинс.

>>Што ти беше најважно при дизајнирањето? Дали тоа се модели што и ти би ги носела?
-Би ги носела секој ден :) ! Сакав да создадеме безвременски, секојдневно несекојдневни, удобни маички кои ќе можат да се носат секаде и секогаш во милион различни комбинации. Важно ми беше да направиме колекција во која секој ќе може да си избере омилена и карактерно најсоодветна маичка, а истовремено колекција која совршено ќе го долови концептот на „Jeansomania“.

>> Колкава ќе биде продукцијата на маичките и каде ќе може да се набават?
-„Jeansomania“ маичките се во ограничено количество и истите нема да одат во продажба. Колекција ќе биде изложена на последната вечер на претстојниот Моден викенд, а дел од маичките ќе бидат поделени меѓу посетителите. Се гледаме таму.

Jeansomania (1)

>>Во светски рамки веќе е пракса модните блогери, покрај тоа што се јавуваат како промотери на трендови или како заштитни лица на некои брендови, да добиваат ангажмани за дизајнирање на колекци. Дали соработката со „Фешн Груп Македонија“  ја доживуваш како правење чекор напред на овој план кај нас?
-Дефинитивно. Тимот на „Фешн Груп“ прави навистина голем чекор со прв проект од ваков размер во Македонија и неизмерно сум благодарна на дадената чест и доверба да работам како моден консултант и стилист на „Jeansomania“.

>>Изминатиов период си актуелна со објава на твои фотографии на сајтовите на светски познати магазини, поточно на веб-страниците на британски Vogue и на New York Magazine. Од какво значење се  овие публикации за тебе, како македонски блогер?
-Не можам ни да опишам колку големо значење имаат такви објави за мене и за мојата работа. Истите не служат само како мотивација да продолжам и понатаму, туку и како совршен комплимент и показател дека не е важно каде сум, туку што создавам.

>> За релативно кусо време стана една од најпочитуваните и најпрепознатливите блогерки кај нас, често добиваш понуди за соработки и со наши дизајнери. Кој ангажман би го издвоила ?
-Ваков опис е чест за мене и ти благодарам. Секој ангажман е посебен на свој начин и не би можела да издвојам само еден, бидејќи без разлика дали е помал или поголем, ми овозможува да создадам нешто убаво, но и да учам, да напредувам, да созревам и најважно да продолжувам да ги остварувам своите идеи во процесот.

Jeansomania (3)

Fashion Group MacedoniaJeansomaniaUnique Magazinewww.aftertwofive.com/Јасмина АпостолоскаЈована ЗукаАнгела ЃоргиеваАни и ДимиблогеркаЖарко ЧулиќИгор Марковкапсулна колекцијамаицимакедонски модни блогери„Фешн Груп Македонија“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics