Изреката поглед од милион долари во случајот на Џенифер Лопез и Алекс Родригеж важеше 17 пати повеќе. Двојката пред неполна година го купи овој луксузен апартман во највисоката станбена зграда во Њујорк, но сега го продава за цена 17.5 милиони долари. Станот е на 36-от кат на зградата на 432 Park Avenue, има околу 400 квадратни метри во кои се сместени три спални соби, голема дневна соба со трпезарија, библиотека, кујна со бели елементи и мермерен под, трпезарија, неколку купатила, и што важно, скоро од секоја соба има совршен поглед на Централ Парк и на поголемиот дел од Менхетан.
Во зградата има и полуксузни апартмани. Имено, пред неколку месеци некој платил дури 40 милиони долари за стан во истата зграда. Типично луксузните згради од овој тип нудат многу дополнителни елементи како базен, фитнес центар, кино сала, конференциска сала, простор за дружење и рекреација.
Нема коментари