• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Јована Филиповиќ@FWSK: Монохроматски нео футуризам за смели жени

Од Катерина Трајановска · На октомври 15, 2015

jovana filipovic

Модните следбеници и љубители на урбаната женственост на дизајнерката Јована Филиповиќ со нетрпение ја очекуваат новата колекција што ќе биде претставена на 23 октомври, на модна ревија закажана за 19 часот во Музеј на Македонија, како дел од програмата на претстојното издание на Моден викенд-Скопје. Кога ја прашавме талентираната креаторка за клучните зборови, имиџи и инспирации за новите креации, таа ни наброи „Архитектура, мода, уметност, иднина. Нео футуризам!“.

jovana filipovic fwsk

-Оваа сезона сите патишта водат кон иднината. Кон некое идно време каде жената е едноставна, смела, чиста, со еден збор – совршена – ни рече дизајнерката.

Јована ни откри и две фотографии на бели креации, како навестување за нејзината нова модна и футуристичка приказна.

-Секогаш, од која и насока, инспирација да тргнам, апсолутно секогаш моите колекции се сведуваат на елеганција, женственост, урбаност. Исто важи и за формата, боите и кроевите. Колекцијата за есен-зима 2015/16 има изразена монохроматска комбинација на бои и минималистички форми надополнети со рачно изработени додатоци.

jovana filipovic fwsk1

После претставувањето креациите од новата колекција може да се најдат во нејзиното ателје, но ќе се продаваат и online преку веб сајтот Bastet Noir. Во декември, колекцијата ке биде достапна и во Швајцарија, на третиот по ред SKP Pop-UP Store. Филиповиќ покрај успехот на домашната сцена, за што доби признание и од Stylist.mk за најдобра колекција на десеттото јубилејно издание на Моден викенд, успешно се презентира и на интернационалниот пазар.

-Годинава, 2015-та, морам да признам дека имав креативна „експлозија“ проследена со навистина многу работа и убави проекти. Колекцијата за есен-зима 2015 веќе ја промовирав во Париз, на Paris Fashion Week, како дел од шоурумот BeNext Showroom и на Shanghai Fashion Week, како дел од Alter Showroom. Тоа беа два настани кои морам да признам навистина многу влијаеа на мојот досегашен начин на работа. Токму тоа влијание и ме натера да го отворам новото студио, кое сега освен како модно студио функционира и како шоурум за моите колекции. Со ревијата на 23 Октомври на Моден Викенд Скопје, ќе ја заокружам оваа продуктивна година и со широки раце ќе ја пречекам 2016-та…

FWSKЈована Филиповиќесен-зима 2015/16македонски дизајнериМоден викенд-Скопје
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 2

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

    ноември 6, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • 1fwsk

    Петтиот ден на FWSK31: Од булинг до убавина, модата како јазик на промена

    ноември 3, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • 1 Irina Tosheva workshop

    Мода што трае: 31. Моден викенд Скопје започна со приказни за создавање, поправка и повторно раѓање на стилот

    октомври 31, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025

Култура

  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics