• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Во сабота се одржува јубилејна 20-та „Бела ноќ“ во Скопје

Од stylist @StylistMKD · На октомври 1, 2024

??????????????????????

„Бела ноќ“ по 20-ти јубилеен пат ќе се одржи во сабота, 5 октомври, на неколку локации низ Скопје. Настанот претставува симбол на културно-уметничкиот живот на скопјани и со низа активности секоја година ја збогатува понудата на културно-уметнички настани во Скопје.

Скопјани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во театарски спектакл на отворено, музички настани, изложби, проекции, работилници и други културно-уметнички перформанси на десетици локации низ градот.

Централната манифестација ќе започне со настап на француската театарска група „Compaigne des quidams“ со дефиле и спектакл на отворено кој ќе започне од Музеј на град Скопје преку улица Македонија, Плоштад Македонија, преку Камени мост па се до паркот Ибни Пајко каде ќе кулминира со 3Д мапинг.

Покрај театарскиот спектакл, ќе се одржи и концерт на музичкото училиште „Ентерпрајз“ на истата локација, а на „Школка“ во Градски парк ќе се одржи поп рок концерт на Култи Ватор. Во клуб ресторан МКЦ ќе се одржи меѓународен фестивал на електронска музика со настап на Ди џеј Томи Бојаџи (Македонија), ди џеј Dee (Србија), ди џеј Geri Kacerija (Албанија) како и видео артистот Петар Џон.

Под браната Матка ќе се одржи ЕХО фестивал на планински филм со ноќно кино на кое ќе се прикажуваат победничките филмови од минатите изданија. Друштвото на ликовни уметници на Македонија ќе се претстават со „Осветлено илуминирано урбано наследство во Куќата на ДЛУМ („Илинденска“ бр. 63).

Во „Лабораториум“ ќе се одржи мултимедијален микс на културни и уметнички изразувања кои го отелотворуваат духот на Скопје и неговата креативна заедница под наслов „Стоногалка“, а во кафулето „Излет“ ќе се одржи изложба на постери илустрации и стрипови на Славица Купенкова.

Низа активности и настани ќе понудат и културните институции во Скопје, па така во библиотека „Браќа Миладиновци“ – Друштвени игри за раскажување приказни, во „Музеј на македонската борба“ – изложба „100 години од смртта на Арсени Јовков, изложба „Анатомија на муралот – Илинден 1903, Борко Лазески“, изложба за жените во македонската историја под наслов „ И тие се херои“.

Во „Културно информативен центар“- КИЦ – изложба на слики „ Еffortles“, групна изложба на фотографии на Зрно Фестивал „ Танцот на фотоните, групна изложба по повод наградата Борко Лазески со „ Резонанца“, концерт на Ана Мазнејкова на пијано под наслов „ Годишни времиња“.

Во национална галерија „Даут Пашин Амам“ – изложба „Сенки во облаците“ на Емил Шулајковски, јубилејна изложба по повод 120 години од раѓањето на Томо Владимирски.

Во Музеј на современа уметност – самостојни изложби на победниците 14 тото меѓународно Биенале на млади уметници, изложба на Серхат Емрулаи со инсталацијата „ Се селиме на нова локација, изложба на Наџа Крачуновиќ „ Во име на мајка, во презиме на татко“, изложба (исцртување на ѕидови) на Дан и Лиа Пержовски.

Во Дом на култура „Кочо Рацин“ – изложба под наслов „Бескрајна приказна за една точка“ на Марија Чепишева. Во Македонски народен театар МНТ-Театарска претстава „Кец на десетка“. Во „Детски културен центар Карпош“ ДКЦ -натпревар „Инструменти на моите предци“ и ликовна изложба, а во Кинотека на Македонија – проекција на филмот „A Bucket od Blood“ од Роџер Корман.

Целосната програма со распоред, локации и учесници може да се погледне на www.univerzalna.com.mk/belanok. Сите настани се од отворен карактер и се бесплатни за посетителите.

Настанот е во организација на ЈУ Универзална сала a финансиран од Град Скопје.

Бела ноќкултурен настан
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • zizel културен водич

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

  • 1 културен водич

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

  • novogodisen bazar културен водич

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1rosica

    Vivid Echoes: Новата колекција на Росица Мршиќ ја позиционира модата на пресекот меѓу уметноста, архитектурата и одржливиот дизајн

    март 9, 2026
  • ??????????????????????????

    32 сезони подоцна: Модата како културна архитектура

    март 9, 2026
  • 1 8martovski bazar

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

    март 3, 2026
  • sienna

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

    март 3, 2026
  • ??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

    Македонија домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“

    март 3, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics