Педесет години модно творење прослави американскиот дизајнер Ралф Лорен на модна ревија на терасата Бедеста во Централ Парк во рамките на Њујоршката модна недела. Јубилејната колекција на Лорен е антологија на американскиот стил и дух кој дизајнерот го негува уште од 1968 година и потсетување на неговите препознатливи знаци – типипен preppy стил и навраќање на естетиката на Дивиот Запад. На ревијата видовме микс на машки, женски и детски креации од главната и Polo колекцијата кои ги следат традицијата на Ралф Лорен – џемпери со дезени, антилопски јакни со реси, плишани фустани, сакоа со амблеми, спортски јакни, карирани модели… Покрај ревијата Ралф Лорен организаира и забава на која се појави голем број познати личности.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари