Раскошно и отмено, истовремено и меко и удобно, кадифето повторно се врати во зимските и празничните колекции и секако е најубавата ткаенина за славење на Новата година. Ништо не пренесува празнично расположение како убава модна комбинација од кадифе, која ќе биде соодветна и за вечера, за корпоративен настан и за најзабавната журка во годината.
За време на празничната сезона, кадифето станува совршена опција кога е во прашање изборот на облека за забава. Во таква облека ќе се чувствувате не само топло и удобно, туку и многу елегантно. Кадифето има единствена способност да го трансформира секое парче, било да е тоа сако, здолниште, фустан или панталони, во вистинска кралска облека, проткаена со луксуз и атмосфера на романтизам.
Многу брендови и дизајнери употребија кадифе во новите колекции, познатите личности го избраа за на црвиониот килим, популарни се женските костуми со панталони и машките свечени сакоа токму од кадифе, а овој материјал ќе го видиме и на свечените фустани.
Нема коментари