Стилската ѕвезда Оливија Палермо се појави во темнозелен костим со широки панталони од кадифе на вчерашниот гала настан во Американскиот балет во Њујорк. Костимите вообичаено сугерираат деловен стил, многу посоодветна комбинација за во театар на балетска претстава е вечерен фустан, но во случајов се работи за гала настан за кој Оливија успеала овој модел на костим да го претстави во посвечена верзија со помош на боди од тантела и транспарентен материјал (кое допринесува и за секски изглед), потоа со елегантни сандали на висока потпетица, клач-чанта и ѓердан со масивен привезок.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари