• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 0

„Кајмак“ на Манчевски има европска премиера истовремено на Фантаспорто во Португалија и на Фест во Белград

Од stylist @StylistMKD · На февруари 23, 2023

KAYMAK 4

Филмот „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски ќе има европска фестивалска премиера во иста недела на два реномирани фестивали

„Кајмак“ на 2 март ќе има премиера како еден од деветте филмови воглавната конкуренција на 43. издание на Меѓународниот филмски фестивалФантаспорто во Порто, Португалија.

Во исто време, „Кајмак“ е во главната програма и на 51. издание на легендарниот ФЕСТ во Белград, еден од најважните филмски настани во регионов. По првата проекција на филмот на 3 март, предвидени се уште две – на 4 и на 5 март.

„Во „Кајмак“ постои порафиниран развој, покарактеристичен тематски избор и присуство на уникатен режисерски глас, кои го прават филмот покомплексен од едноставна комедија. Филмот исто така има храброст да биде смел“, вели италијанскиот ОДГ магазин, а американскиот онлајн магазин Проџектор пишува: „Непредвидливиот поглед врз кармичка правда треба да биде уникатно, трагикомично искуство за секој што ќе има среќа да го види.“

Лани „Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија и предизвика жива дебата со приказот на класните разлики во урбанистички згмеченото Скопје. Филмот се прикажа во кината низ 30 градови во земјава, што беше настан без преседан во македонската киноприкажувачка дејност последнава деценија. Некои од тие кина за првпат се отворија токму со „Кајмак“.

KAYMAK©Maja Argakijeva

Досега Манчевски беше три пати лауреат на Фантаспорто: во 2020 година, „Врба“ ја освои наградата „Мануел де Оливеира“ за Најдобар филм во програмата Недела на режисерите. По тој повод режисерот тогаш изјави: „Убава награда во убав град. Мило ми е што ‘Врба’ го наоѓа патот до срцето на гледачите во повеќе земји”.  Во 2017, неговиот филм снимен во Њујорк, „Бикини Мун“ ја освои Специјалната награда на жирито во истата програма Недела на режисерите, а во 2016 година Манчевски доби Награда за кариера при што имаше и ретроспектива на неговите филмови во Порто.

Филмот „Мајки“, пак, во 2011 година ја освои специјална награда на жирито „Небојша Ѓукелиќ“ на ФЕСТ, а во 2020 „Врба“ беше прикажан во главната конкуренција, проследен со огромен интерес кај публиката. Со долготраен аплауз и стоечки овации заврши проекцијата на филмот на која тогаш присуствуваа и режисерот Манчевски и главните актери.

Седмиотцеловечерен филм на Манчевски „Кајмак“ е македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж. Главните улоги ги толкуваат Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Директор на фотографија е Улрик Боел Бенцен, дизајнер на продукција Дејвид Манс, монтажер Емил Нунинга, а композитори се Данскиот гудачки квартет. Продуцент е Јане Ќортошев, а извршен продуцент Иан Прајор. Копродуцент на филмот е Македонската радио-телевизија.

Филмот ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио во ноември 2022 година. Веднаш потоа беше прикажан и на Филмскиот фестивал „Златен коњ“ во Тајпеј, Тајван, а по гала премиерата во Македонската филхармонија, каде доби неколкуминутни стоечки овации, „Кајмак“ почна истовремено да се прикажува низ целата држава.

Кајмакмакедонски филмМилчо Манчевскифилм
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • HousekeepingForBeginners_1 филм

    „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски е македонски кандидат за Оскар за долгометражен интернационален филм

  • ?????????????????????????? филм

    Светска премиера на филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски на филмскиот фестивал во Венеција

  • d2f5c0c7-ef0d-3048-6bcc-7f967f56ff6a филм

    Објавен трејлерот за македонскиот филм „Преекспонирано“ кој наскоро ќе се најде во кината

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • tatjana janusheva (6)

    Татјана Јанушева на насловната страница на Elle

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • ikiverse

    IKIVERSE на Искра Џокиќ Кецап – прва дигитална модна ревија на Моден викенд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • fks

    „Фолклорно-класична симбиоза“, музичко-сценски спектакл на НУ Национална опера и балет и НУ Танец

    септември 26, 2023
  • 1 ivana manas

    Македонската манекенка Ивана Манас на ревии на Миланската модна недела

    септември 25, 2023
  • Foto 4_Glaven vlez

    Се бројат деновите до големото отворање на Diamond Mall – новото уникатно доживување во строгиот центар на Скопје

    септември 23, 2023
  • gucci (2)

    [ВИДЕО] Првата колекција на Сабато де Сарно како нов дизајнер на Gucci

    септември 23, 2023
  • FWSK FW23-03-2

    Модната еволуција на Скопје – спојување на стилот и одржливоста на 27. издание на Моден викенд Скопје

    септември 21, 2023

Убавина

  • 1

    Маникир во есенски бои

    септември 8, 2023
  • 185531043_1452659838405942_2192688347615870831_n

    Збогум на флеките и трагите од акни

    август 24, 2023
  • latte-make-up

    Latte Make Up – летен тренд на шминка во природни и бронзени тонови

    август 9, 2023
  • Sun Allergy

    Како да се заштитите од алергии предизвикани од сонце?

    јули 10, 2023
  • eucerin (1)

    Користете заштита од сончевите зраци прилагодена на потребите на вашата кожа

    јуни 9, 2023

Живот

  • Foto 4_Glaven vlez

    Се бројат деновите до големото отворање на Diamond Mall – новото уникатно доживување во строгиот центар на Скопје

    септември 23, 2023
  • 1 - Последна шанса за пријавување на Виз Ер Скопски маратон 2023

    Последна шанса за пријавување на Виз Ер Скопски маратон 2023

    септември 20, 2023
  • petfest1600px

    Во недела ќе се одржи „Пет Фест Скопје“ – фестивал за миленици

    септември 15, 2023
  • DSC_8636

    Skopje Tattoo Show 2023: Македонците покажаа колку ја сакаат тату уметноста

    август 30, 2023
  • Skopje Tattoo Show

    Skopje Tattoo Show 2023: Славење на уметноста, културата и самоизразувањето преку мастило

    август 9, 2023

Култура

  • fks

    „Фолклорно-класична симбиоза“, музичко-сценски спектакл на НУ Национална опера и балет и НУ Танец

    септември 26, 2023
  • Doxiadis_Pokana_Otvoranje

    Отворање на архитектонската изложба „Иднината како проект | Доксијадис во Скопје“ денеска во МСУ

    септември 21, 2023
  • HousekeepingForBeginners_1

    „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски е македонски кандидат за Оскар за долгометражен интернационален филм

    септември 13, 2023
  • Горчлив шеќер

    Во МСУ – Скопје се отвора изложбата „Горчлив шеќер“, мултимедијален проект на Ѓорѓе Јовановиќ

    септември 13, 2023
  • shatakua

    Мултимедијален настан на уметничката група „Шатакуа“ во Музеј на град Скопје

    септември 7, 2023

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics