• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
нега 0

Како пролетното сонце делува на нашата кожа

Од stylist @StylistMKD · На мај 15, 2017

EUC_RGB_MG_8011

Во текот на целата година нашата планета кружи околу сонцето и од него ја црпи животната енергија за сите живи суштества на земјата. Сите ние уживаме во благодетите на сончевата енергија, која зависно од годишното време е појака или послаба. Но без сомнение, нема човек кој не ужива во првото пролетно сонце кое сите со нетрпение го очекуваме после ладната и маглива зима. Вообичаено сакаме да седнеме и уживаме на  отворено, додека нежните сончеви зраци ја галат нашата кожа. Сонцето го подобрува нашето расположение, ја подобрува циркулацијата, метаболизмот на нашето тело, продукцијата на витаминот Д, но ги поттикнува и одбранбените механизми на нашата кожа кон УВ-те зраци. Сето ова е позитивно за нашето тело, но кај некои луѓе во одреден период од животот УВ-те зраците доведуваат до појава на кафено пребоени делови од кожата т.н. хиперпигментации. Постојат различни видови хиперпигментации – пеги, мелазма, старечки дамки, дамки од сончање, после воспалителни процеси на кожата.

Како настануваат?

Бојата на кожата зависи од пигментот меланин, кој се произведува од пигментните клетки меланоцити, во кожата. Улогата на меланинот е да ја заштити клеточната ДНК од дејството на УВ-те зраци. Зголеменото создавање на пигмент води до кафено пребојување на одредени делови на кожата. Тоа може да се предизвика при претерано изложување на сонце, хормонски промени (пр. при бременост, во климактериум ), воспалителни процеси и кожни трауми, некои лекови, со стареење на кожата.

Eucerin_EVEN-BRIGHTER_TAGESPFLEGE_offen

 Како да се справиме со хиперпигментациите?

Ефектот на терапијата зависи од длабочината на исталожувањето на пигментот во кожата, колку е поповршински, толку ефектот ќе биде подобар. Препораките се секогаш да почнеме со најбезбедниот третман за кожата, а тоа се производите за нега на кожа кои го стабилизираат зголеменото создавање на пигмент во кожата. Ефектот на оваа терапија се гледа најчесто по 1-3 месеци, а времетраењето на локалната терапија е со месеци и години, односно бара трпение. Доколку кај пациентот после 3 месеци локален третман воопшто нема намалување на интензитетот на хиперпигментациите, се вклучуваат и дерматолошки манипулации како хемиски пилинг, микродермоабразија и ласерски третмани. После направените третмани за намалување на пигментациите, треба да имаме предвид дека кожата не смееме да ја оставиме без соодветна нега, бидејќи пигментот и понатаму прекумерно се создава и се исталожува во кожата. Затоа месеци потоа се продолжува со производите за локален третман на кожата, кои ја регулираат синтезата на меланин и обезбедуваат соодветна заштита од сонце. Важно е да се има предвид дека хиперпигментациите се потенцираат и од минимална количина на сонце, заради што бараат непрекинато користење на медицинска козметика со висок заштитен фактор од сонце во текот на целата година. И, токму затоа, најголем дел од луѓето појавувањето на хиперпигментации го забележуваат на пролет, кога ја изложуваме незаштитената и неадаптирана кожа на првото појако пролетно сонце.

Eucerin Even Brighter е првата специјализирана серија од медицинската козметика, којашто го помага отстранувањето на пигментните промени на кожата со нејзина регенерација, заштита и подмладување. Благодарение на активната состојка Б-резорцинол, производите ја стабилизираат прекумерната синтеза на меланин и долготрајно ги намалуваат пигментните дамки, со што се постигнува порамномерен и сјаен тен. Глициретинската киселина ја помага регенерацијата на клетките оштетени под дејство на УВ-те зраци и ја заштитува кожата од предвременото стареење. Серијата предлага дневен крем со висок заштитен фактор од сонце (SPF 30), потхранувачки ноќен крем, активен концентрат кој ја зголемува ефикасноста на кремите и коректор за локален третман на пигментните дамки.

Совети од Д-р Соња Петрушевска, специјалист дерматовенеролог

EucerinД-р Соња ПетрушевскаЕуцериннеганега на кожапролетна негасовети од дерматологубавинахиперпигментација
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 нега

    Совети за пролетен блескав тен

  • eucerin нега

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

  • eucerin (2) нега

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics