Восхитувачки се видеозаписите кои откриваат како се создава високата мода, еве го и видеото за haute couture колекцијата на „Диор“ за пролет 2017, во кое гледаме како се прави принт на ткаенина. Мајсторите во couture ателјето рачно сликаат мотив на соѕвездие и хороскопски знаци, врз кој потоа се везат мониста и срма. Така подготвената ткаенина потоа е вметната во изгледот број 22 од првата колекција на висока мода на дизајнерката МАрија Грација Кјури за париската куќа „Диор“.
Нема коментари