Под мотото Make Love Not Walls („Создавајте љубов, не ѕидови“), италијанскиот моден бренд бренд Diesel го претстави видеото за кампањата за пролет-лето 2017. Во спотот се урива ѕид-како симбол за поделби, омраза и ограничувања, кој Diesel го руши со тенк на љубовта, правејќи отвор во вид на срце. Видеото ги обединува сите видови љубов и е со отворена порака, која е контра политиката на актуелниот американски претседател. Кампањата ја сними легендарниот американски уметник и фотограф Дејвид Лашапел, во соработка со креативниот директор на Diesel, Никола Формикети.
-Diesel сака да ги руши сите ѕидови , со цел да покаже дека без нив е посветло и има посветла иднина. Нашиот бренд силно се бори против омразата и повеќе од било кога тоа сакаме да му го порачаме на светот-вели Формикети.
Нема коментари