„Версаче“ нè враќа во ерата на теленовелите и долотрајните телевизиски сапуници преку новата празнична кампања наречена „Сагата на Версаче“. Интриги, уцени, љубовни ситуации и разни сплетки како во сапуниците има и во оваа кампања на италијанската модна куќа, а во главните улоги на фотографиите и во серијата видеа се појавуваат мултимедијалната уметница Сара Бејкер и супермоделката Хелена Кристенсен. Низ видеата ја следиме приказната за Анџелина Марин, сопственичка на музичка компанија, а приказната почнува кога таа добива заканувачко писмо…
Нема коментари