Њујоршката модна познавачка Леандра Медин неколку пати соработувала со Mango, најново е што таа креира капсулна колеција за овој шпански моден бренд. Креациите што Леандра ги направи заедно со тимот на Mango го отсликуваат нејзиниот личен стил и се однесуваат на модни парчиња што таа најмногу сака да ги носи: брокатна јакна, џинс здолниште, блузи и ролки, вели кошули и фармерки, тиролки со цветен вез во стилот на наивната уметност. Колекцијата соджи 30 различни парлиња, а вклучува и модни додатоци во духот на Леандра, како мокасини, чизми, обетки со бисери и клач-чанти.
-Замислете си новогодишен одмор во некој европски ски центар или атмосфера во студентски кампус во 60-тите и потоа додадете малку цветен вез – ја објаснува колекцијата Леандра, која е новинар, моден консултант и го води сајтот. Man Repeller. Таа самата позира и во кампањата за оваа капсулна колекција.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари