Модниот бренд Gucci лансира капсулна колекција која ќе биде понудена само на онлајн продажба. Дваесетте парчиња од линијата наречена Gucci Garden ќе миоже да се купат од 5 јули. Застапени се меѓусезонски парчиња, како миди плисирано здолниште, бомбер јакна со цветна шара, колули со панделка и неколку форми на популарната чанта Dionysus. Линијата е во препознатлив стил на креаторот Алесандро Микеле, со многу детали, мониста, цветни принтови во стил на 70-тите години. Станува збор за лимитирана колекција, за која светските модни сајтови предвидуваат дека ќе биде распродадена за неколку минути.
Нема коментари