• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
кариера 0

Со „Digital for Entrepreneurship“ Македонија се приклучи на European SME Week

Од stylist @StylistMKD · На ноември 21, 2019

NEO_0999-min

Оваа среда (20.11.2019) во организација на European Business Association, Град Скопје и Piksel, а поддржана од EOS Матрикс и Тиквеш,се одржа конференцијата Европски ден на претприемачот – “Digital for Entrepreneurship“. Настанкој беше дел од European SME Week, иницијатива која во Македонија се организира 11-та година по ред.

Конференцијата на присутните им понуди повеќе интересни теми на разговор преточени во воведно излагање и три стручни панели со претставници од повеќе дејности.

Во воведното излагање преку информативна дискусија настанот го отворија Катерина Бошевска, претседател на ЕБА, која зборуваше за предизвиците на компаниите кои ги носи дигитализацијата, Јован Деспотовски, директор на Фонд за иновации и технолошки развој, кој се надоврза за поддршката која ФИТР ја дава на претприемачите во овој процес, и Марко Тодоров, раководител на сектор за локален економски развој на Град Скопје, кој ги најави следните чекори кои ќе го направат Скопје паметен град и ќе го приближат чекор поблиску до модерните европски и светски метрополи.

NEO_1073-min

По воведното излагање следуваат трите експертски панели кои со свои презентации ги отворија Владимир Ристевски од дигитална агенција Piksel, Сергеј Зафировски oдInsider IDзаедно со Огнен Огненовски од Таргет Груп и Игор Маџов од Стартап Македонија. Презентерите беа и во улога на модератори на трите панели насловени – „Како до брз раст со помош на дигитален маркетинг?“, „Електронска трговија: иднината на македонските фирми за излез во светот“ и „Оствари го твојот сон: како до финансирање на твојата иновативна идеја“.

„Во дигиталниот маркетинг не постои успех преку ноќ. Успехот е резултат на претходна макотрпна работа“ – изјави меѓу другото Владимир Ристeвски, ко-основач и маркетинг директор во Piksel.

NEO_1143-min

Тој ја модерираше првата панел дискусија на која Аријана Коскарова од Creative Hub Macedonia, Лира Џокиќ од IDEA Plus Communications, Владимир Вецовски од Р3 Инфомедиа и Драган Јосифовски од Paket.mk – „Твојот онлајн супермаркет“ зборуваа за можностите кои ги нуди дигиталниот маркетинг и како македонските компании го користат за да дојдат до посакуваните клиенти и резултати.

На панелот модериран од Сергеј Зафироски панелистите Марина Антова од DHL Express, Крис Поповски од SIGNORI, Огнен Огненовски од Таргет Груп и Виктор Стојкоски од Асоцијација за е-трговија на Македонија ја пренесоа заедничка порака дека е-трговијата е иднината за која мора да бидеме сите подготвени, а особено преприемачите кои сакаат да останат во чекор со времето и да бидат успешни и во иднина.

Зафировски и Огненовски го презентираа и извештајот од нивното истражување за актуелната состојба на е-трговијата во нашата земја. Истражување во кое бројките се прилично оптимистични и според кое следната година се очекува пораст од 15% на бројот на e-commerce компании во Македонија.

NEO_1311-min

„Е-трговијата е во пораст секоја година и затоа сите заеднички мораме да работиме како на едукацијата на крајните корисници, така и на зголемување на понудата, затоа што веруваме дека иднината за развој на бизнисите е токму во оваа гранка“ -  изјави Виктор Стојкоски од Асоцијација за е-трговија на Македонија.

Конференцијата со својата презентација и потоа панелот на кој тој беше модератор ја затвори Игор Маџов, кој заедно со Владимир Кечовски од Шпаркасе банка, Ненад Чубриновски од InPlayer, како претставник на МАСИТ и Тања Илијевска од Фонд за иновации и технолошки развој зборуваа за можностите за финансирање на иновативните македонски стартапи.

Панелистите, покрај се’ поголемиот број на опции кои на новите стартапи им се нудат во нашата земја, ги истакнаа и можностите за финансирање на добрата идеја преку големиот избор на интернационални опции, ставајќи акцент на проактивноста на ова поле како клучен елемент за успехот на секој стартап.

Настанот со своите теми привлече над 200 гости од различни сектори.

NEO_1143-min

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Karieren Samit-WIT MK кариера

    Кариерен Самит: Од потенцијал до остварување во организација на Women in Tech Macedonia

  • 1 кариера

    Qinshift Academy со фонд до 50.000 евра за стипендирање на најталентираните студенти

  • WITCON 2024 кариера

    WITCON: Tech конференција на 18 мај во Скопје организирана од Women in Tech Macedonia

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics