Креативниот директор на „Шанел“ Карл Лагерфелд редовно бира светски дестинации кога треба да ја претстави Métiers d’Art колекцијата на париската модна куќа, после Мумбаи, Сеул, Шангај, Дубаи, Салзбург, модното шоу вчеравечер го донесе во својот роден град – Хамбург. Ревијата се одржа во прекрасната концертна сала Elbphilharmonie (Филхармонија на Елба), ново архитектонско чудо покрај брегот на реката Елба.
Лагерфелд успеа во Хамбург да ги донесе познатите линости и неговите музи Тилда Свинтон, Кристен Стјуарт, Марина Вакт, Лили-Роуз Деп, кои ја следеа ревијата што се случуваше на сцената на концертната сала.
Новата предесен 2018 колекција која се нарекува и Chanel Métiers d’Art е инспирирана од германската култура во 60-тите години од минатиот век и од хамбуршкото пристаниште, едно од најголемите во Европа, преку препознатливите костими од твид, мини здолништа со црни опак хулахопки и дебели плетени чорапи, фустани и здолништа во црно-бела палета, многу колоритно плетиво, елегантни вечерни креации.
A post shared by Cláudia Manhães (@cmmanhaes) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари