Каролина Гочева е ѕвезда на уште една фотосесија за италијанскиот бренд Weekend Max Mara за групацијата Магнетик
Овојпат позира во Две различни комбинации со капути и кои можете да ги облечете и за вашите вечерни и дневни излегувања. Капутите на Weekend Max Mara се парчето по кое овој бренд е препознатлив. Капути кои се високо квалитетни, удобни, топли и модерни.
Анимал принтот е повторно тренд оваа сезона и го гледаме на капут во комбинација со каубојки и кожени панталони.
Втората комбинација е малку полежерна, но еднакво елегантна. Повторно се тренди капути комбинирани со карирани панталони и впечатливи патики.
Со нетрпение го очекуваме и видеото за брендот Weekend Max Mara кое следува.
Weekend Max Mara е бренд од Max Mara кој се одликува со елеганција, безвремност, класика и удобност.
Фотографии// Јована Зука
Шминка и Фризура// Даниел Артевски
Продукција// Магнетик
Нема коментари