Керолајн Иса, модната директорка и основачка на лондонскиот магазин Tank, ѕвезда на уличната мода и жена со урбана елеганција и ултраженствен стил, позира во новиот едиторијал на Massimo Dutti. Таа носи креации од новата лимитирана, капсулна колекција на брендот, фотографиите се снимени во Париз, а во промотивното видео Керолајн открива кои ѝсе омилените места во француската метропола за време на модната недела. „Во Massimo Dutti секогаш ќе најдете нешто класично и безвременско. Што и да облечете, секогаш се чувствувате елегантно“, вели Иса за моделите на брендот.
Нема коментари