Модната агенција „Подиум“ е во потрага по нови манекенски лица и организира кастинг на 7 март (сабота), во Јавна соба (Public Room) во Скопје. Кастингот ќе се одржи од 15 до 17 часот и на него може да се пријават сите оние што имаат сон да запловат во манекенските води и се гледаат како професионален модел. Од „Подиум“ организираат обуки за идни модели, а нивните манекенки и манекени добираат ангажмани за снимање на фотосесии, рекламни кампањи, едиторијали во списанија, а се појавуваат и на модните ревии на Моден викенд – Скопје.
1 коментар
Имамзавршенокурстзаманикенмодностудиомикисметланацрнокрак