• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 0

КИНЕНОВА ги додели наградите на најдобрите филмови на фестивалот

Од stylist @StylistMKD · На октомври 19, 2020

Двете меѓународни жирија ги соопштија наградените филмови во сите натпреварувачки категории на петтото издание на Меѓународниот филмски фестивал КИНЕНОВА 2020.

Соопштувањето на победниците се одржа во централните вести на ТВ24. Гледачите имаа прилика да ја проследат и да уживаат во возбудливата и оригинална филмска понуда, составена во голем дел од филмови од најновата светска А продукција со ексклузивни права за ТВ прикажување. Меѓу големиот број на македонски премиери, имаше и такви филмови кои што во склоп на овој ТВ формат на КИНЕНОВА фестивалот, доживеаја и светска телевизиска премиера што претставува огромен куриозитет и успех за фестивалот за чија програма позитивните реакции сѐ уште не стивнуваат.

54175d09-770a-479e-b776-2bc7ba122f41

Наградата GRAND PRIX за најдобар филм на фестивалот за „Ветеран“ на Захаријас Мавридис

Главното фестивалско жири, составено од легендарниот полски режисер Кшиштоф Зануси како претседател, Драгомир Шолев, режисер од Бугарија и Керем Ајан, актуелен директор на Истанбулскиот филмски фестивал, одлучи во категоријата „Меѓународна конкуренција“, наградата GRAND PRIX за најдобар филм на фестивалот да ја додели на грчкиот филм „ВЕТЕРАН / DEFUNCT“ на Захаријас Мавридис со следново образложение:

„Филмот „ВЕТЕРАН“ може да се опише дури и со еден епитет – ова есуптилен филм,  сликајќи го на филигрански начин деликатниот однос помеѓу генерациите, помеѓу минатото и совремието“.

Добитникот на главната фестивалска награда за најдобар филм, грчкиот режисер Захаријас Мавридис по повод добивањето на значајната награда изјави:

„Премногу сум возбуден што ја добивам главната награда во меѓународната конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал Киненова 2020. Сакам да се заблагодарам на селекторите кои што го најдоа и го одбраа мојот филм да биде дел од главната натпреварувачка програма на Киненова оваа година. Се заблагодарувам и на жирито за оваа награда која е всушност првата меѓународна награда за мојот филм.“

Во истата категорија, награда за најдобра режија доби филмот „МАРЈАМ“ на Шарипа Уразбајева од Казахстан за многу доследниот стил, одбегнувајќи ги сите стапици на патетика и сентиментализам, сликајќи ја многу строгата и сурова човечка природа и на тој начин вовлекувајќи ги гледачите во приказната, што е восхитувачки според жирито.

f8bbbedb-cd7e-4706-84e0-5df42baee1fe

Бартош Крулик („Супернова“)

А, наградата за најдобро сценарио ја однесе филмот СУПЕРНОВА на Бартош Крулик од Полска со следното образложение на жирито:

„Ова е филм каде што еден случаен смртен случај во сообраќајна несреќа со автомобил е прикажан како космичка катастрофа со што овој филм има една висока спиритуална димензија, но и импресивна стилска уедначеност“.

Во категоријата „Меѓународна конкуренција на куси филмови“, жирито составено од Ален Дрљевиќ, режисер од Босна како претседател, Стефан Арсенијевиќ, режисер од Србија и Ана Дишлиеска Митова, директорка на Филозофскиот филмски фестивал во Скопје, одлучи наградата за најдобар филм од меѓународната конкуренција на куси филмови да ја додели екс екво на два филма и тоа на македонскиот филм „НАЛЕПНИЦА“ на Ѓорѓи Унковски и „ИЗЛЕГУВАШ ЛИ НАДВОР“ на Инес Јокош од Хрватска.

Специјална награда жирито додели на филмот „МЕДИТЕРАН“ на грчкиот млад режисер Димитрис Анагносту.

Истото жири ги додели и наградите за натпреварувачката програма на македонски куси филмови, каде наградата за најдобар македонски кус филм ја доби македонскиот филм  „БЕЗ ЉУБОВ“ на Дина Дума, а специјалната награда на жирито отиде отиде кај филмот „ЌЕ МУ СЕ ЈАВАМ НА ТАТКО ТИ“ на Леон Ристов.

3855e2ce-7596-4f83-8b1c-73d4e9dfeec1

Шарипа Уразбајева ја доби наградата за најдобра режија за филмот „Марјам“

Директорот на Меѓународниот филмски фестивал КИНЕНОВА, Небојша Јовановиќ рече дека фестивалот оваа година елегантно ги надмина сите бариери и се справи со предизвиците преку фестивалски продукт направен од чиста љубов кон седмата уметност и кон оние кои незапирливо ја креираат.

„Преку телевизискиот формат, во услови на светска криза со КИНЕНОВА ја доближивме врвната филмска уметност до најширок аудиторум и ја направивме многу подостапна, што и беше наша главна мисија“, изјави Јовановиќ.

Исто така, и програмскиот директор на КИНЕНОВА, Игор Анѓелков задоволно изјави дека КИНЕНОВА најде начин и успеа да се одржи со одлична програма која што се емитува на ТВ24.

„Многу сум задоволен што во година кога беше тешко воопшто да се помисли да се организира филмски фестивал, знаејќи дека, меѓу другите, се одложи еден Кански фестивал, а нашиот најстар фестивал „Браќа Манаки“ имаше само една симболична фестивалска вечер, ние сепак успеавме да направиме одлична програма, во која во фокус секогаш е главната, натпреварувачка програма. Ценетото жири на чело со легендарниот полски режисер Кшиштоф Зануси нагласи дека изборот на филмовите бил интересен и богат, и дека се дискутирало буквално за сите наслови, на што сум особено горд. Годинашните лауреати уште еднаш ја покажаа разноликоста во пристапот на КИНЕНОВА, давајќи увид во најдобрите дебитантски остварувања кои доаѓаат од различни светски кинематографии. Продолжуваме понатаму во истражувањето на новите креативни сили во филмската уметност“, изјави Аѓелков.

Програмата на Меѓународниот филмски фестивал КИНЕНОВА за оваа 2020 година се емитува од почетокот на октомври на Телевизија 24. По барање на гледачите, програмата ќе продолжи да се емитува и во ноември. Распоредот на филмовите и целокупната програма можете да ја проследите на следниот линк: http://kinenova.com/wp-content/uploads/2020/10/Film-Schedule_KINENOVA-2020.pdf.

 

КиненоваКиненова 2020филмфилмски наградифилмски фестивал
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • megalopolis филм

    Програма на јубилеи во месец октомври во Кинотека

  • ??????????????????????????? филм

    Свечено доделување на „Златниот објектив” на Столе Попов

  • VREME NA BETON филм

    Премиера на документарниот филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics