Актерката Кистен Данст ја потврди бременоста позирајќи во новиот lookbook на брендот „Родарте“ на сестрите дизајнерки Мулали, наречен „Жените што нè инспирираат“, а е направен како серија на портрети објавени на Инстаграм. Данст носи романтичен фустан од тул и кафен капут го голема панделка, додека го гали своето трудничко меше. Гласините дека е бремена со своето прво бебе од врската со актерот Џеси Племенс почнаа да се шират пред неколку месеци, но Кирстен одлучи да ја официјализира веста преку фотографии за брендот на своите пријателки Кејт и Лора Мулали со кои често соработува. Во серијата фоторафии се појавуваат и друи жени кои ги инспиририраат дизајнерките и ги носат креациите за сезоната есен 2018 – Ава Филипи (ќерката на актерите Риз Витерпсун и Рајан Филипи), пејачката Грајмс, Ким Гордон од „Соник јут“, Џиа Копола, Роуван Бланшард, Теса Томсон…
A post shared by RODARTE (@rodarte) on
A post shared by RODARTE (@rodarte) on
A post shared by RODARTE (@rodarte) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.





























Нема коментари