Брендовите DKNY и Opening Ceremony по третпат ги здружија силите во создавање на заедничка колeкција со кежуал модели, за секојдневниот изглед. Новата линија е во духот на модата од 90-тите години. Моделите влечат инспирација од спортската опрема. Застапени се варијации на дуксери, тренерки, фармерки, бејзбол капи, патики на платформа и фустани налик на дресови. Во црно-белиот лукбук се појавуваат повеќе модели, меѓу кои и Меган Колисон.
Нема коментари