Во завршницата на Њујоршката модна недела Марк Џејкобс ја откри нова колекција инспирирана од 80-тите години како омаж на работата на кутуриерите Тјери Муглер, Клод Монтана, Ив Сен Лоран и Емануел Унгаро кои ја одбележаа модата во таа декада. Колекцијата за есен-зима 2018/19 е со нагласени раменици, екстремна силуета и интензивни бои. Театралноста се забележува во драматичните кроеви, широките ракави, набраните панделки околу вратот во стилот на барок, боите кои неретко се сметаат за кич, деконструрираните решенија, силуета карактеристична за 80-тите, но со уште поакцентиран интензитет.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари