Секој стајлинг е своја приказна. Во сржта на секоја од приказните се нагласениот волумен, впечатливите бои и храбро микасање на детали и парчиња. Новата колекција на американскиот дизајнер Марк Џејкобс претставена на Модната недела во Њујорк е комплексна, повеќеслојна и повеќенаменска. Иако е за пролет-лето 2018, ако се извадат сите слоеви, ќе се најдат модели за целата година, па слободно може да се каже дека е примелива од пролет до следната зима. Смелите комбинации се богати со идеи-како да се спојат навидум неспоивите парчиња-спортска дебела јакна и летни турбани, како да се носи мантил за на дожд со светкава свечена креација, капут со влечки, кожена јакна со пантало зи за скијање… Оваа линија со богата модната имагинација носи и необични дезени и модни додатоци како куфер како чанта,бубрег-торба, влечки со реси… Презентацијата беше збогатена и со најпопуларните манекенки на оваа модна недела: ќерката на Синди Крафорд-Каја Гербер, Кендал Џенер, Бела Хадид и Вини Харлоу.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари