Eден од само 300 примероци во светски рамки од капсулната колекција на колички за бебиња CYBEX дизајнирана од познатиот американски креатор Џереми Скот пристигна во Скопје, поточно во продавницата за играчки и детска опрема, „Крш“ во „Сити мол“. Премиум количката, која е препознатлива по златните крилја на краевите, е лансирана само во неколку европски метрополи, а на Балканот, освен во Бугарија, единствено се продава во Скопје.
На вчерашната презентација на перформансите на моделот пред новинарите од „Крш“ открија дека и покрај високата цена од речиси 86.000 денари за основната количка со седиште и додатните елементи-25.990 (корпа за новороденче) и 12.990 (торба и прекривка за студените денови) веќе има заинтересирани потенцијални купувачи во Скопје. Интересно е што во светски рамки има долга листа на чекање за CYBEX од Џереми Скот.
Станува збор за модел кој брзо го привлече вниманието на новинарите и модните блогери, а за него пишуваше и францускиот „Вог“. Капсулната колекција секаде е дочекана како вистинска ѕвезда– во Париз во познатата „Galeries Lafayette“, во белгиската луксузна продавница „Jule and Juliette“, во Варшава во најпопуларната модна продавница „MYSIA“, а кај нас може да се погледне и купи во продавницата „Крш“ во „Сити мол Скопје“ (2 кат). „Крш“ деновиве отвори нов продажен простор во „Веро Шопинг Центар Скопје“, која е најопремена продавница од овој тип кај нас.
Џереми Скот е познат по работта за брендови како Adidas и Moschino, а има соработувано со дел од најголемите музички ѕвезди како Кети Пери, Мајли Сајрус, Ријана, Лејди Гага, Рита Ора, како и Џаред Лето и сестрите Парис и Ники Хилтон. (А.Н.)
Нема коментари