Зависностите можат да бидат многу различни. Од зависноста за љубовник до физиолошки зависности, еве кои знаци се најмногу склони кон зависност
Овен
За импулсивниот Овен се претставува авантура и се во животот треба да се доживее. Првиот хороскопски знак може да наиде на проблеми со зависноста од цигари, навидум неопасна навика за Овенот кој е склон да проба се, само поради адреналинот. Но, пушењето е исклучително опасна навика, иако последиците можеби нема да се почувствуваат веднаш. Секој пат кога ќе се запали цигара, нејзиниот чад ослободува 6.000 хемикалии, од кои 100 се покажа дека предизвикуваат болести. Затоа, овенот треба ако се откаже од пушењето еднаш засекогаш или барем да ги замени цигарите со алтернативи со намален ризик, како што се производите за загревање на тутунот, кои ослободуваат до 95% помалку штетни хемикалии во споредба со цигарите.
Бик
Бикот има две расположенија: или целосно незаинтересиран, или целосно зависен. Како страстен знак по јадењето и во удобноста на домот, Бикот едноставно може да стане зависен од прејадување, па дури и од хедонистички активности, како што е пиењето алкохол. Од друга страна, повторно како многу „сетилен“ знак, Бикот може да стане зависник од цигари, често како начин да ја замени храната. Сепак, Биковите се меѓу знаците кои колку и да се склони кон зависност, можат брзо и драстично да се извлечат од неа. Рзмислувајќи логично, Бикот може да направи мудри избори дури и кога не може да се откаже, како на пример со замена на цигарите со помалку штетни алтернативи, како што се апаратите за греење кои претставуваат многу намален ризик во споредба со цигарите.
Близнаци
Овој двостран хороскопски знак колку и да е ладен за момент, може веднаш да стане опседнат. За Близнаците, работите многу зависат од моментот во кој се наоѓаат, бидејќи за еден час можат целосно да го сменат мислењето за нешто. Сепак, овој реципроцитет не им дозволува на Близнаците многу лесно да создаваат зависност, бидејќи за нив сè е дел од искуството на моментот, константа која лесно се менува.
Рак
Колку е чувствителен, толку е и силен. Ракот не е толку чувствителен кога ќе сфати дека претерува. Општо земено, Ракот е лесен плен на разни зависности, особено на цигарите. Сепак, некои Ракови се многу внимателни во овој поглед, држејќи се настрана од секакви пороци.
Од друга страна, ако Ракот стане плен на навика, тој е склон на злоупотреба до тој степен што сфаќа дека предизвикува неповратна штета. Во овој момент, ракот конечно се откажува, враќајќи се во својата осамена обвивка додека не успее да го продолжи животот како порано. Сепак, постојат некои зависности – главно цигарите – од кои ракот можеби никогаш нема да се ослободи. Ракот има речиси духовна врска со храната, па затоа е склон кон цигари. Во овој случај, Ракот се обидува да се откаже од пушењето така што ќе го замени со гуми за џвакање, или со нискоризични алтернативи, како што се производите за греење на туутнот, или да јаде уште повеќе.
Лав
Гордиот Лав не може да прифати да биде зависен од ништо. За Лавот, зависностите се за оние што се слаби. Кралот на хороскопот е способен да ужива во животот, во јадењето и пиењето, но само во мерка во која се чувствува добро. Така, Лавот често може да претера со алкохолот, па дури и да запали цигара, но следниот ден воздржаниот и арогантен човек од претходниот ден повторно ќе се разбуди.
Девица
Кога станува збор за Девица, не е многу да се каже дека е зависна од совршенство. Внимателна до најситни детали, исправна на време, одлучна и јасна за тоа што го сака, а што не, не е ни чудо доколку Девицата одлучи да не пуши цигари и алкохол само затоа што не сака дехидрација на кожата или мирис на цигари. Често можете да видите девици како користат средства за загревање на тутунот, само затоа што овие уреди не испуштаат чад и не испуштаат пепел, ниту пак оставаат мирис на облеката.
Вага
Како знак што ја симболизира правдата, Вагата исто така не е многу избалансирана. Проблемот со Вагата е верувањето дека сè треба да биде во ред. Ова често води до разочарување кога работите не одат според планираното. Ова ги прави Вагите склони кон зависности на нешто подоцнежна возраст, бидејќи животот ги научил одредени горчливи лекции и на тој начин можат да станат мажи и жени зависни од алкохол и цигари.
Скорпија
Скорпиите имаат лоша репутација дека се склони кон злоупотреба на животните задоволства. Било да е тоа алкохол, секс или нешто друго, Скорпијата има тенденција кон зависност и самоуништување поради својата опсесивна и компулсивна природа. Кога тоа ќе се случи, наоѓањето на изворот на проблемот е единственото решение. Скорпиите имаат тежок изглед однадвор, но длабоко во себе се чувствителни и многу емотивни, па лесно се повредуваат, а кога го прават тоа, длабоко страдаат.
На раната може да и треба долго време да зарасне, но за среќа, ниту еден друг знак не ја поседува нивната способност да ги залечат раните и да се преродат. На крајот на краиштата, Скорпијата е знак на регенерација, повторно раѓање и преживување во хороскопот.
Стрелец
Предводен од Јупитер, оптимистичкиот Стрелец ужива во сите аспекти во животот. Стрелците имаат голема самодоверба, па не дозволуваат да паднат на каква било зависност. Сепак, Стрелците имаат уште еден важен аспект, а тоа е дека се многу дружељубиви по природа и може да создадат зависност од алкохол или цигари, како начин за разбирање со другите. Во овој случај, Стрелецот може да се обиде да го замени алкохолот со безалкохолни пијалоци или цигарите со алтернативи без чад со намален ризик како производи за загревање на тутнот, доколку конечно не успее да се откаже од зависностите од социјално потекло.
Водолија
Водолија е знак кој има тенденција да ги интелектуализира своите емоции, наместо да се занимава со нивната суштина. Затоа, луѓето во овој знак можат да бидат зависни од игри бидејќи овие навидум непостоечки емоции водолиите ги канализираат во фантазија, која не вклучува вистински луѓе со вистински емоции.
Дури и кога не можат да се откажат од пушењето, на пример, Водолијата е способна да ја рационализира својата зависност мислејќи дека за разлика од другите, барем внимава да не запали цигарата во затворен простор. Сепак, љубопитната природа ги турка Водолиите да пронајдат алтернативни начини да ги заменат своите пороци, како што се апаратите за загревање наместо цигарите, за да ги избегнат илјадниците штетни хемикалии во цигарите, за кои Водолијата може да помине часови пребарувајќи на Google, додека целосно не се информира за придобивките.
Риби
Рибите се најчувствителниот и најемпатичниот знак во хороскопот. Рибите донесуваат одлуки врз основа на емоции. Да се биде толку емпатичен го прави светот исцрпувачко место за нив. Ова ги прави Рибите да бидат склони кон зависности. Алкохолот и цигарите во никој случај не се невообичаени меѓу типичните Риби. Сепак, тоа не значи дека нема Риби кои се способни да се контролираат, туку напротив: можеби познавате Риби кои се многу воздржани, но некои од нив станале крајно внимателни по „отстранувањето“ на зависностите.
Нема коментари