Скандинавките се новите модни ѕвезди, тоа веќе го констатиравме последниве неколку сезони, а модните уредничи, блогерки и брендови од овој дел на Европа ја освојуваат светската сцена. Фотографиите кои ги илустрираат модните стилови во Стокхолм, Копенхаген, Осло станаа пример за посебен моден израз, а инспирација сè повеќе бараме токму на улиците на овие нордиски градови. А ако ги погледнеме сликите од последните изданија на скандинавските модни недели ќе забележиме изблик на боја во стилот на Скандинавките, како спотивност на стандардниот неутрален и монохроматски изглед кој досега мислевме дека е карактеристичен за ова поднебје.
Деновиве на модните недели во Стокхолм и Копенхаген се издвои колоритниот стил на Џенет Мадсен, уредничка во данскиот магазин Costume, a во креативни комбинации во разни пастелни интензивни бои ја следеа и останатите Скандинавки.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари