Американскиот бренд J. Crew последниве сезони предизвикува големо внимание откако креативната Џена Лајон го презеде водството и стана синоним на стилски комбинации базиран на микс на принтови, необични кроеви, колоритни детали и парчиња кои може да се набават по пристојна цена. Од летниот стилски водич предлагаме неколку идеи за летен стајлинг – едноставен фустан со полинезиски принт, мешање на различни дезени, неутрални нијанси како палета на бои за овој период и трендовски комбинации за лежерен стил.
Нема коментари