Вчера во Париз се одржа ревија на новата колекција на „Шанел“, првата претапорте колекција што куќата ја претстави по смртта на долгогодишниот креативен директор и главен дизајнер, Карл Лагерфелд.
Лагерфелд на местото главен дизајнер го наследи Вирџини Вјар која што денеска ги прикажа новите креации за сезоната пролет-лето 2020. Но, додека манекенките Каја Гербер, Џии Хадид и останатите чекореа по модната писта декорираранa како крововите на Париз, од публиката се појави жена облечена црно-бел пепито комплет, се качи на пистата и почна да дефилира пред нив.
Подоцна беше откриено дека се работи за комичарката Мари С’Инфилтр, која што, да, носеше комплет од „Шанел“. Таа веројатно седела во некои од задните редови во просторијата на Grand Palais, каде што се одржа ревијата, и откако прошета по пистата ја сопре манекенката Џиџи Хадид, а реагираше и обезбедувањето. Мари секако влегла со покана, бидејќи за да бидеш на гостин на ревија на „Шанел“ треба да добиеш официјална покана и да ја поминеш идентификацијата на влезот.
Засега не е позната причината за нејзиниот упад.
Best @chanel finale video ever: Spot the catwalk- crasher! And spot the security guys running after her! #PFW pic.twitter.com/Wztgsj3jVq
— Vanessa Friedman (@VVFriedman) October 1, 2019
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари