• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
музика 0

Енергична свирка на бендот „Темпера“ во Станица 26

Од stylist @StylistMKD · На април 13, 2018

poster

На 18 април, со почеток во 21 часот во ноќниот клуб Станица 26 во организација на 3Гонга настапува македонската група „Темпера“. Во овој скопски бенд членови се музичките ветерани Мите Димовски на тапани, Ѓоле Максимовски на бас, Драган Гиновски на гитара и вокалистката со разорен глас, Тања Тас. На концертот ќе ги отсвират песните од нивниот албум „Играј“, премиерно ќе ја изведат во живо нивната нова песна „Не застанувај“ за која неодамна направија и видео запис како и песни од нивниот нов албум кој е во подготовка.

Досега бендот има настапувано низ цела Македонија. Во 2014 година тие беа специјални гости на два фестивали „Белгрејд колинг“ и „Скопје Гори“, каде ѕвезда на вечерта беше Били Ајдол.

„Темпера создава музика полна со енергија и емоции, акцентирајќи ја индивидуалноста на изразот и нејзиното лично овоземно патување. Тоа е повик да не се дозволи да застане мислата, и тоа не само како своевиден танц со и во мислите, туку и во решителноста да се делува, да се истражува… и да не се игнорира поривот за игра, кој претставува своевиден одбранбен механизам за заштита и одбрана на душата. На концертот ќе свириме песни од албумот „Играј“ како и промоција на новиот материјал од нашиот втор албум кој е во подготовка. Очекувајте енергична свирка, бидејќи одлично функционираме во живо“, велат од бендот.

Гитаристот и композитор Драган Гиновски Гино од 1998 година, па се до 2011 година беше дел од култниот бенд Архангел и многу музички критичари го прогласија за еден од најдобрите рок гитаристи во земјава. Ѓоле Максимовски е музички активен од средината на 90тите, тој е басист и композитор на албумите на „Тилт“, „Сет“, „Беневентан Трио“, „Мозаик“ и „Кабадајас“. Од 1998 до 2005 година беше член и на „Архангел“. Учесник во снимањето на албумите на “Алшар”, „Мугер Фугер“ и 18 години е дел од „Влатко Стефановски Трио“, со кого заедно имаат остварено успешни соработки со неколку светски реномирани музичари како Јан Акерман, Теодосиј Спасов и Стефан Миленковиќ. Мите Димовски е тапанар, композитор, аранжер и продуцент. Својата музичка кариера ја започнува на свои 12 години во групата „Цилиндер“, како најмлад тапанар во поранешните југословенски простори. Најголемиот дел од својот музички пат го има поминато во групата „Архангел“. Низ својата досегашна 20 годишна кариера има учествувано на преку 400 проекти како продуцент, а покрај многуте музички имиња соработувал и со „Мизар“, „Анастасиа“, „Фолтин“, Кирил Џајковски, Влатко Стефановски…

Вокалистката и текстописец Тања Тас е ликовна уметница по вокација, а својата музичка кариера ја започнала на 16 години како вокал на македонскиот блуз бенд „Wild Bunch“. Континуирано од тогаш учествува во многу музички проекти заедно со „Кисмет“, „Лилит“, Горан Трајкоски Готра, „Аутмајнд“, Игор Атанасовски Харе, „Мугер Фугер“ и проектот „Фем Фатал“ со Александар Ристовски- Принц.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Рапсодија 26 музика

    Целовечерно музичко патување со младата вокалистка Натали Зарин во „Станица 26“

  • 318213034_1101336490549636_4198974499137202862_n музика

    Македонски музички ѕвезди со изведба на песната Insieme („Заедно“)

  • 1 музика

    Одлична музичка програма и рекордна посетеност на „Д Фестивал“ во Дојран

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • tatjana janusheva (6)

    Татјана Јанушева на насловната страница на Elle

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • ikiverse

    IKIVERSE на Искра Џокиќ Кецап – прва дигитална модна ревија на Моден викенд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 hm

    H&M Studio претстави заводлива празнична колекција

    декември 11, 2023
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    декември 11, 2023
  • 2 kaputi

    МОДЕН ТРЕНД: Беж капутите се модна класика

    декември 11, 2023
  • 1

    Која е бојата за 2024 година според институтот „Пантон“!?

    декември 11, 2023
  • 1

    ЕКО-МОДА: Зимава носете бунди од вештачко крзно

    декември 5, 2023

Убавина

  • INT_EN_ECN_204825_AntiPigment_IG_FB_StaticAd_V1_10_2020-1x1

    Ослободете се од хиперпигментацијатa со Eucerin Anti-Pigment Dual Serum: Револуционeрна нега за сјаен тен

    ноември 23, 2023
  • eucerin (6)

    Со иновативниот крем Еуцерин Hyaluron-Filler + Elasticity Day Rosé SPF30 ќе заборавите на бледата и уморна кожа

    октомври 31, 2023
  • 000267_GL_en_EUC_Hyaluron _Filler _Serum_HyFi_Anti_Wrinkle_Serum_202309_PR_0_white_V8-Print

    Еликсир или еволуција? Како науката за нега на кожата го искористи скриениот потенцијал на кожата

    октомври 24, 2023
  • INT_EN_ECN_210004_DermoPure_Triple_Effect_Serum_Protective_Fluid_03_2021_PR_v3-ecom1000x1000_300dpi

    Ефикасноста на медицинската козметика

    октомври 2, 2023
  • 1

    Маникир во есенски бои

    септември 8, 2023

Живот

  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    декември 11, 2023
  • ??????

    Добротворен базар на социјални претпријатија в сабота во East Gate Mall

    декември 1, 2023
  • iqos

    Новото IQOS ILUMA портфолио претставено на ексклузивен настан во Скопје

    ноември 18, 2023
  • Фестивал на чај

    Фестивал на чај, лековити билки и есенцијални масла

    ноември 13, 2023
  • Movember

    МОЕМВРИ: Актери, спортисти и поп ѕвезди ќе седнат на берберски столици за подигнување на свеста за машкото здравје

    ноември 6, 2023

Култура

  • Carmina Burana 1

    Изведба на „Кармина Бурана“ од Карл Орф на 7 декември во Националната опера и балет

    декември 5, 2023
  • zrno festival zavrsna izlozab

    Завршна изложба на фестивалот Зрно во КИЦ

    ноември 6, 2023
  • плакат

    Концерт на Мухамед Ибрахими во Филхармонија

    октомври 30, 2023
  • ??????????????

    Се отвора шестата по ред годишна изложба „Сè што ни е заедничко“ во МСУ – Скопје

    октомври 16, 2023
  • fks

    „Фолклорно-класична симбиоза“, музичко-сценски спектакл на НУ Национална опера и балет и НУ Танец

    септември 26, 2023

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics