Фанк-сензацијата од Велика Британија The Haggis Horns на 6 декември (среда), со почеток во 22 часот, ќе одржи концерт во ноќниот клуб „Станица 26“. Групата ја сочинуваат седум екстравагантни џез музичари Кени Хигинс, Малколм Стракан, Роб Мичел, Атол Ренсом, Ерол Ролинс, Џорџ Купер и Бен Баркер. Тие во живо звучат и подобро отколку на самите студиски албуми: Нивната музика е комбинација на брејк бит фанк, хип хоп, афро бит и џез. На оваа група докажани музичари и не им е потребна помпезна најава, земајќи предвид дека досега соработувале со музичари како Jamiroquai, John Legend & The Roots, Amy Winehouse, Take That, Mark Ronson, Martha Reeves, Roots Manuva, Lou Donaldson, Elbow, Adele, Finley Quaye, Robbie Williams, Morcheeba, Duran Duran, Craig Charles Presents The Fantasy Funk Band, The Cinematic Orchestra, Lisa Stansfield, Kano, Estelle, Lily Allen… Тие се во првите редови на фанк сцената во Велика Британија.
Од 2004 година имаат издадено четири студиски албуми: “Hot Damn!, “Keep On Movin” (First Word Records), “What Does A Mind” (Haggis Records) и неодамна објавениот „One of these days“ исто така за Haggis Records… и преку 10тина објавени синглови.
Настанот е во организација на концертната агенција и продукција „3Гонга“.
Билетите се веќе во продажба на www.kupikartizase.com/
Нема коментари