• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
музика 0

Концерт на Владимир Четкар септет на 17 јануари во „Станица 26“

Од stylist @StylistMKD · На јануари 12, 2018

Vladimir Cetkar (2)

Македонскиот џез и фанк-гитарист Владимир Василевски – Четкар на 17 јануари со почеток во 21.30 часот ќе одржи концерт во ноќниот клуб „Станица 26“. Музичарот за првпат ќе настапи во Македонија со септет, составен од познати македонски музичари како: Ѓоле Максимовски на бас, Филип Стевановски на тромбон, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Демир Катуровски на труба, Виктор Филиповски на тапани и Гордан Спасовски на клавијатури. Свирката или Градска сесија бр.8 е во организација на Концертната агенција и продукција „3Гонга“ .

Vladimir Cetkar (1)

Четкар, кој е родум од Охрид, живее и работи во Њујорк, а музицира низ целиот свет

Четкар, кој живее и работи во Њујорк, а музицира буквално низ целиот свет и досега има настапувано на сите светски релеватни џез фестивали и клубови, не сака да го скрие големото задоволство што настапува на домашен терен со извонредни македонски музичари:
-Го познавам добро тимот кој стои зад „3Гонга“ и знам дека станува збор за исклучителни познавачи на музиката, кои работат со голема посветеност и љубов. Има голем ентузијазам и кај мене и кај нив за оваа наша соработка и воопшто не се сомневам дека ова ќе биде еден прекрасен концерт. Досега во Македонија најчесто сум настапувал со секстет, квартет или трио, а ова ќе биде за првпат да настапам тука со септет. Ќе свирам своја авторска музика и аранжмани од моите два албума, а ќе отсвирам и неколку композиции, кои оваа година ќе се најдат на мојот трет студиски албум-вели Четкар.

Vladimir Cetkar - Blue Note, NYC

Македоскиот музичар има настапено во популарниот Blue Note во Њујорк

Владимир Василевски има завршено музичка продукција, аранжман и џез гитара на престижниот Беркли колеџ во Бостон, САД. Дипломец е на отсекот за современо пишување и продукција. Иако гитарата е неговиот избран инструмент, својата првична музичка наобразба ја започнал како виолинист и ова знаење многу му има помогнато подоцна, бидејќи денес една од неговите аранжерски специјалности е токму аранжирање за гудачки секциии.
Како автор и продуцент на својата музика, Четкар има огромен круг музичари од целиот свет со кои соработува. Постојано свири со нови музичари од различни краишта на светот и со самото тоа неговата музика секогаш звучи свежо и има разнолик шарм.
Музика на Четкар е дистрибуирана и промовирана во повеќе земји и тоа за најпознатите музички куќи во светот за џез, фанк и соул како P – Vine Records (Пи ВајнРекордс) и BBQ Records (Би Би Кју Рекордс) во Јапонија, Warner Music Korea (Ворнер МјузикКореа)и C&L Music (Си Енд Ел Мјузик) во Јужна Кореа, Hitman Jazz Records (Хитмен Џез Рекордс)во Тајланд и Југоисточна Азија, Soul Brother Records (Соул Брадер Рекордс) и Expansion Records (Експанжн Рекордс) во Англија, Newtown records (Њутаун Рекордс) во Австрија/Германија, Surya Records (Суриа Рекордс) и Diamond Records (Дајамонт Рекордс) во Италија.

џез-музикаџез-музилариВладимир Четкаргитаристладимир Василевски – ЧеткарСтаница 26фанк-музика„3Гонга“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1hugel музика

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

  • pmg музика

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

  • milko музика

    Инди-рок бендот „Милко“ се враќа на сцената со новиот сингл „Тажен понеделник”

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics