Краткиот филм во ноар-стил Killer in Red на италијанскиот режисер Паоло Сорентино и со познатиот британски актер Клајв Овен е дел од кампањата Campari Red Diaries на брендот на слатко-горчливиот аператив „Кампари“ и преку него се објаснува концептот дека „секој коктел има своја историја“. Во филмот Овен го глуми барменот Флојд кој во 80-тите во еден диско клуб подготвувал посебни коктели за секој гостин и наводно „неговите коктели ја изразувале судбината на луѓето“… Сорентино кој доби Оскар за својот филм „Големата убавина“, во моментов е актуелен со телевизиската серија „Младиот папа“.
Нема коментари