Во својот нов креативен видеопроект наречен The Masters („Мајсторите“) на аворката Марија Шулер, SHOW studio ги истражува иницијаторите, пионерите и провокаторите кои го обликувале модниот пејсаж почнувајќи од Азедин Алаја до Јоџи Јамамото. Дванаесет модни мајстори, дванаесет мини колекции за стоковната куќа „Селфриџис“, дванаесет кратки видеа кои се споени во новиот мини-филм на SHOWstudio.
Секој мајстор создаде екслузивно парче или капсулна колекција, како симбол на неговиот моден израз, а секој од 12-те дизајнери (меѓу покрај Алаја и Јамамото вклучени се и Дрис Ван Нотен, Стела Макартни, Жан Пол Готје, Марк Џејкобс, Пол Смит, Рик Овенс, Том Браун, Роберто Кавали, Јун Такаши и Оскар де ла Рента) ќе има свој наменски излог во престижната стоковна куќа „Селфриџис“ лоцирана на улицата Оксфорд во Лондон. „Селфрицис“ во соработка со Vertu од компанијата SHOWstudio нарача модни вињети кои се однесуваат на креативниот универзум на секој од дизајнерите. На проектот покрај режисерката Шулер, работеше и познатиот моден фотограф Ник Најт, основач на платформата на SHOWstudio.
Нема коментари