Модели од колекцијата есен-зима 2013/14 на битолската етикета Le Brand се најдоа во спотoт за нумерата „Себастијан“ на панк-рок составот „Паркети“. Новата линија на брендот, зад кој стои дизајнерката Лили Кадинска, е наречена Grunge glamour. Во неа прави микс на навидум неспоиви стилски света, гламурот и гранџ.
-Во самата колекција нема елементи кои се крајно гранџ и такви кои се крајно гламурозни. Затоа и не ми беше многу тешко да ги избалансирам. Во креациите има карнери изработени од волна, кои се сошиени врз асиметрично парче мрежа и поврзани со кожно коланче. Има палта со елегантен крој, кои имаат истакнати раменици, кошули од мрежа и од волна… Во секој случај, кожните коланчиња, кои се еден минорен елемент од целиот дизајн во колекцијата имаат значајно место и симболика, исто така и мрежата. Суптилната упопотреба на овие елементи кои асоцираат на гранџ дава софистицираност. Комплицираните кроеви со мулаж-техника во делот на ракавите се во одредена доза наметливи. Истовремено асоцираат на деструктивност, а се дел од класично палто или фустан со намена за официјални прилики-вели Кадинска.
Нема коментари