Актерката Кристен Виг во новото филмско продолжение за манекенот Дерек Зулендер ја глуми Алексанија Атоз, а како дел од промотивната кампања пред премиерата на филмот, објавено е оваа видео кое веднаш стана вирално. Во него ликот на Виг ја промовира козметичката линија на Youth Milk на House of Atoz, на која ѝ го должи младешкиот изглед, кој никако не е резултат на ботокс или пластична операција. Како еден од тизерите за „Зулендер 2“, ова видео е пародија на козметичките реклами и Виг на урнебесен начин и со јак источно-европски акцент се обидува да го претстави козметичкиот производ.
Нема коментари